![]() |
|
Transport i životna sredina - Verzija za štampu +- Gotovi Seminarski Diplomski Maturalni Master ili Magistarski (https://www.maturskiradovi.net/forum) +-- Forum: Obrazovanje (/Forum-obrazovanje) +--- Forum: Društvene nauke (/Forum-dru%C5%A1tvene-nauke) +---- Forum: Medjunarodna spedicija (/Forum-medjunarodna-spedicija) +---- Tema: Transport i životna sredina (/Thread-transport-i-%C5%BEivotna-sredina) |
Transport i životna sredina - Vesnica - 28-06-2010 09:14 PM Maturski, seminarski i diplomski radovi iz medjunarodne spedicije.
Во оваа семинарска работа се обработени матерјали со кои се објаснува штетното влијание на издувните гасиви од возилата и индустриските центри кои ги користат фосилните горива како погонски средства за добивање енергија. Тука е опфатено и штетното дејство на загадувањето на воздухот врз луѓето, морињата и останатиот растителен и животински свет како и создавањето на смогот, ефектот на стаклена градина и појавата на озонските дупки. Исто така се опфатени и мерките кои се преземаат за заштита на животната средина како и биогоривата кои се користат како замена за фосилните горива. ВОВЕД Свеста за врдноста на животната средина е основна за нејзино зачувување и унапредување. Таа се формира под влијание на многу фактори како што се: културата, воспитувањето, образованието, вредносниот систем на општеството во кое живееме и др. Во овој процес неоспорно голема улога имаат и медиумите и кои ги пренесуваат информаците до граѓаните. Хармонијата на животната средина во која живееме се повеќе и повеќе е нарушена со разни загадувања на основните елементи за живот на луѓето (воздухот, водата, храната и сл). Нарушувањето доаѓа како резултат на се поголеата индустријализација и глобализација на општеството која бара висока технологија и потрошувачка на големи количини на суровини и енергја. Ваквото темпо на загадување на животната средина може да доведе до сериозни проблеми во биолошкиот циклус на земјата и да ги наруши основните животни фактори, климатските услови, и сл. кое би можело штетно да влијае на условите за живот на човекот и останатиот жив свет на земјата. |