Gotovi Seminarski Diplomski Maturalni Master ili Magistarski
Menadziranje so covecki resursi - Verzija za štampu

+- Gotovi Seminarski Diplomski Maturalni Master ili Magistarski (https://www.maturskiradovi.net/forum)
+-- Forum: Obrazovanje (/Forum-obrazovanje)
+--- Forum: Društvene nauke (/Forum-dru%C5%A1tvene-nauke)
+---- Forum: Menadžment (/Forum-menad%C5%BEment)
+---- Tema: Menadziranje so covecki resursi (/Thread-menadziranje-so-covecki-resursi)


Menadziranje so covecki resursi - Vesnica - 25-05-2010 12:28 AM

Maturski, seminarski i diplomski radovi iz menadžmenta.

Менаџмент на човечки ресурси (HRM) е стратегиски пристап кон менаџирањето на еден од најважните ресурси на една компанија - луѓето кои што работат таму и индивидуално и колективно придонесуваат кон постигнувањето на целите на компанијата. Во најопшта смисла, терминот HRM пордразбира: вработување луѓе, развој на нивните ресурси, опремување на луѓето и синхронизирање на нивните работни задачи со потребите на целината.
blueJay како продукт на Адамантус ќе ви помогне во менаџирањето на вашите човечки ресурси во повеќе аспекти од таа проблематика: од наједноставно менаџирање со персоналот до комплексни анализи за распределба на вашите ресурси.
•Со извонреден систем за генерирање на извештаи, брзо и лесно можете да изградите извештај за состојбата на групи и поединци во вашата компанија.
•Модуларност на софтверот - ви овозможува да ги вклучите само модулите кои што вам ви требаат,
•Регрутација, модул за менаџирање со вработувањето на нови кадри во вашата компанија, со можности за детална база на податоци на сите апликанти, причини зошто се одбиени и сл. Модулот работи заедно со модулот за вештини на вработените и тренинг и развој.
•Вештини, модул за категоризација на вашите кадри по вештини, систем за евиденција на вештините со кои располагаат вашите кадри.
•Модул за тренинг и развој, ви овозможува да водите целосна евиденција врз планираниот тренинг на вашите кадри, како и брзината на развој на истите.
•Модул за временска распределба на проекти и работни задачи.
•Флексибилност, Адамантус ви нуди можност да ги поставите вашите специфични потреби, а ние ќе ги изработиме и ќе ги вградиме во blueJay

Грижа за човечкиот капитал

Успешните организации не се должат само на успешно поставена пазарна стратегија, квалитетен производ, одржлива конкурентска предност... Всушност успешноста вклучува повеќе работи. Успешни компании се оние кои што како за најважна алка за своето функционирање го земаат во предвид човечкиот капитал.
Менаџирањето на човечките ресурси претставува стратегиско менаџирање на вработените кои што индивидуално или заеднички придонесуваат кон постигнување на стратегиските цели на организацијата. Вработените во една организација се индивидуи кои што имаат сопствени ментални претстави и перцепции, сопствени цели и секако секој е личност за себе. Токму заради тоа треба да се посветува внимание и на индивидуално и на групно ниво сè со цел да се насочат кон постигнување на организациските цели.
За да може една организација да ги имплементира и оствари стратегиските цели мора да стави акцент и на човечките ресурси. Односно на привлекувањето, задржувањето и развивањето на вработените. Менаџирањето на човечките ресурси претставува еден вид на врска токму помеѓу организацијата и вработените. Секоја организација мора да стане свесна за потребите на вработените, да ги разбере и евалвира потребите за да им се помогне на вработените да ја сфатат, да ја почувствуваат својата работа како дел од својот личен живот, а не како одредена рутина која што мора да ја направат.
Грижата за човечките ресурси е клучна за соодветно функционирање на организацијата, бидејќи токму со соодветна грижа може да се креираат лојални вработени кои што ќе бидат спремни да дадат сè од себе во извршувањето на работните задачи. Главна одговорност во грижата за човечките ресурси е: Да се привлечат нови таленти во организацијата
•Да се поттикне кариерниот развој на вработените
•Да се поттикне мотивацијата кај вработените во секојдневното извршување на работните задачи
•Да се задржат вработените во организацијата и да се намали стапката на заминувања
За да се остварат овие цели организациите мора да посветат внимание на обука и мотивирање на вработените, воспоставување на добар комуникациски систем, како и воспоставување на одредени стандарди за начинот на однесување, при што се потенцира политиката на организацијата и дава можност за изнаоѓање на одредени решенија за настанати проблеми. Во исто време, придонесува вработените да бидат поефикасни во извршувањето на работните задачи.
Менаџерите мора да сфатат дека можат да опстанат во динамичната и компетитивна средина и да бидат успешни само доколку посветат внимание на човечкиот капитал во организацијата. Да сфатат дека регрутирањето и селекцијата на вработените е многу специфична обврска каде што треба да се посвети енергија, време и пред сè знаење на каков начин да се привлечат и одберат вистинските луѓе.
Грижата за човечкиот капитал е предизвик за секоја организација. Токму затоа, треба да се употребат соодветни алатки и техники кои што ќе помогнат организацијата да ги постигне поставените стратегиски цели.

Алтернативни начини за пронаоѓање на персонал

Приспособено од содржините на American Express® OPEN Small Business Network
Да се најде добар кадар претставува постојан предизвик за сопствениците на мали бизниси. Традиционалните методи како огласи во весници и препораки од тековни вработени се некогаш доволни, но ако си ги исцрпил овие конвенционални канали, обиди се со следниве начини:

Студентски весници

Повеќето училишта имаат избор на работни места за своите дипломци во форма на весници и огласна табла поставена на интернет. Ако бараш стручен кадар, како што е МБА или техничко лице, избор од погодните училишта може да те доведе до твојот кандидат. Јави се во канцеларијата за контакти со дипломците и побарај ги условите за да можеш да огласуваш во нивните весници. Овие огласи најчесто се бесплатни.

Трговски здруженија

Некои трговски групи вклучуваат огласи за работни места во комуникацијата со нивните членови. Ова е ефтин начин да се поврзеш со луѓето кои ја разбираат твојата индустриска гранка.

Факултетски професори

Агресивните претприемачи се познати по тоа што ги контактираат факултетските професори за да добијат од нив имиња на успешни студенти кои наскоро ќе станат дипломци. Ова е интензивен начин на барање на добри луѓе, но може да те доведе и до кандидати со исклучителни вештини.

Агенции за вработување

Многу мали фирми не ги земаат овие агенции предвид поради тоа што сметаат дека се прескапи. Но, и покрај тоа што агенциите земаат процент од првата плата на кандидатот, времето кое го заштедуваат со процесот на вработување може да биде значително. Внимавај да го пресметаш времето кое е потребно за процедурата за вработување, кога пресметуваш која е цената што ја наплаќаат агенциите.
Изнајми ги човечките ресурси
Приспособено од содржините на сајтот American Express® OPEN Small Business Network
За многу сопственици на мали бизниси, работата со цела палета од одговорности- од создавање на конкурентни пакети за купувачите до почитување на владини закони кои постојано се менуваат- може да биде навистина оптеретување. За разлика од големите бизниси, малите фирми често не можат да си дозволат да имаат посебен оддел за човечки ресурси кој ќе работи на овие прашања. Како резултат од тоа, одговорноста често паѓа на сопственикот, кој можеби нема ни време ниту искуство да се справи со овие задачи на ефикасен начин.
Една нова опција која станува сe помодерна за мали бизниси е изнајмување на професионална организација која се бави со човечки ресурси и одговорностите околу нив. Овие фирми се во основа агенции