Gotovi Seminarski Diplomski Maturalni Master ili Magistarski

Puna verzija: Branitelot i vistinata
Trenutno pregledate Lite verziju foruma. Pogledajte punu verziju sa odgovarajućim oblikovanjima.
ВОВЕД

За да можеме воопшто да зборуваме за бранителот и неговата улога во утврдувањето на вистината во казнената постапка треба најпрвин кратко да се свртиме кон објаснување на самите поими на бранител и вистина.
Во современата казнена постапка функциите на гонење, одбрана и пресудување имаат статус на еднаква вредност во расветлувањето односно решавањето на конкретен кривично-правен спор. Притоа за носителите на сите овие функции постои задолжување совесно, вистинито и потполно да ги утврдат сите факти важни за донесување законита одлука. Со еднакво внимание треба да ги испитаат и утврдат како доказите кои го товарат обвинетиот така и доказите кои одат во корист на обвинетиот.
Самата одбрана претставува збир на дејствија што се преземаат во казнената постапка со цел да се изнесе с# што е во корист на обвинетиот. Одбраната може да се подели на материјална и формална. Додека под материјална одбрана се подразбира заштитната дејност на органите на кривичната постапка, под формална се подразбира дејноста на одбраната на обвинетиот од страна на неговиот бранител како лице овластено да укажува стручна правна помош. Како бранител на обвинетиот може да се јави само лице кое има соодветна правна наобразба и кое може успешно да ги заштитува интересите и правата на обвинетиот, кој пак од друга страна не може самиот да си ги заштити поради непознавање на правото.
Вистината пак е предмет на проучување на филозофијата и логиката и под овој поим во филозофска смисла се подразбира согласноста на поимите на човечката свест со објективната стварност т.е. субјективен одраз на објективната стварност. Вистината во казнената постапка се состои во полно, сестрано одразување на еден криминален настан, кој се случил во минатото, во свеста на судијата.

ПРОЦЕСНИ ПРАВИЛА

Процесните правила во нашето казнено право можат да се поделат на две групи: правила кои придонесуваат да се утврди вистината и правила кои се пречка за нејзиното утврдување.
Во првата група спађа одредбата според која судот и државните органи се должни вистинито и целосно да ги утврдат и фактите што го товарат и фактите што одат во корист на обвинетиот. Притоа судот не е врзан со посебни формални доказни правила за оценување на постоење или непостоење на фактите туку проценува според начелото на слободно судиско уверување. Обвинетиот уште на почетокот на казнената постапка има право да дознае за што се обвинува и да ја истакне својата одбрана. Во таа одбрана обвинетиот може или мора да ангажира свој бранител кој е овластен да ги преземе во корист на обвинетиот сите дејства што може да ги преземе и самиот обвинет. Уште не постојат ни преклузивни рокови во кои би морало да бидат изведувани доказите, а и признанието не претставува апсолутен доказ, туку судот е должен и покрај признанието на обвинетиот да прибира и други докази. Принципот на контрадикторност и должноста на судот и по своја иницијатива да собира докази се само уште некои правила кои го помагаат утврдувањето на вистината. Во иста насока се и можностите казнениот суд сам да ги решава прејудициелните прашања, а и редовните и вонредните правни лекови кои со цел да се исправат незаконитите и неправичните судски одлуки придонесуваат во казнената постапка целосно да се утврди вистината.
Во втората група пак спађаат одредбите кои го отежнуваат утврдувањето на вистината, но пак затоа се во функција на заштита на индивидуалните права и слободи на обвинетиот во казнената постапка. Тука спађаат: правото на молчење на обвинетиот, категоризирањето на лица кои не можат да бидат сведоци и лица кои се ослободени од должноста на сведочење, задолжителното постоење на објективен идентитет међу пресудата и обвинението и забраната на реформатио ин пејус.

БРАНИТЕЛ И ВИСТИНА

На почетокот треба да се истакне дека бранителот иако е правен застапник на обвинетиот и работи во негов интерес и ги заштитува неговите права, не смее да се смета за морален соучесник на обвинетиот. Бранителот за да избегне казнување на обвинетиот само ги користи законските средства кои на располагање му ги става правниот поредок. Затоа и не смее да се помисли дека бранителот пренесува од својот талент еден вид согласност, одобрување на казненото дело на неговиот клиент. Уште треба да се истакне дека и самата согласност на бранителот-адвокатот да ја врши функцијата на одбрана на обвинетиот не е акт достоен за осуда, па макар тоа да биде случај на кривично дело кое предизвикало револт и општа осуда во јавноста.
Кога едно лице ја прифаћа одбраната како бранител тоа не станува морален соучесник на сторителот туку станува претставник на една од трите основни функции во казнената постапка без чие успешно и стручно водење не би можел да се реализира принципот на контрадикторност, кој овозможува утврдување на вистината.
Во постапката бранителот му се спротивставува на јавниот обвинител. Додека јавниот обвинител, кој што ја врши функцијата на гонење на сторителот на казненото дело, треба со силата на својата аргументација односно со доказите кои ги прибавил и ги приложил на судот, да го убеди судот во вистинитоста на своите наводи, бранителот треба да ги обеснажи доказите на обвинението, изнесувајћи аргументи во прилог на одбраната и побивајћи ја тезата дека обвинетиот е сторител на казненото дело и дека е казнено одговорен.
Од бранителот се очекува коректно користење на сите негови права и обврски како носител на одбраната и максимален допринос во реализирањето на контрадикторната расправа пред судот за да се утврди вистината што претставува барање кое императивно се наметнува кај организирањето на едно стабилно правосудство со демократска постапка во која целосно ће бидат заштитени и интересите на општествената заедница и правата на грађаните.
Не постои кривичен спор што не е прифатлив да биде бранет и не постои обвинет што не заслужува помош на бранител. И оној обвинет што направил најтежок злостор, казнено дело со најголем интензитет на општествена опасност, кој уништил или загрозил вредност која е на врвот на ранг листата на вредности во едно демократско општество заслужува, а можеби и повеће од другите делинквенти, помош од бранител. Такво право тој заслужува како човек кој во тие моменти чувствува голема потреба за морална-вонправна и правна заштита. Покрај моралната и вонправната заштита, правната заштита е позначајна и таа е причина за воведување на правно образуван застапник во судницата.
Активноста на бранителот се изразува во сите фази на казнената постапка и тоа преку доприносот да се утврдат фактите кои одат во прилог на обвинетиот, а да се спречи утврдување на невистинити факти кои одат на негова штета; потоа да му даде заштита на обвинетиот од повреди на постапката односно формалниот закон; и на крајот доприносот во корист на обвинетиот судот правилно да го примени материјалното право на утврдената фактичка состојба како и да се расчистат спорните правни прашања.
Законот истакнува дека должност на судот и другите државни органи кои учествуваат во кривичната постапка е вистинито и потполно да ги утврдат фактите кои се од важност за донесување на законита одлука и да со еднакво внимание ги испитаат и утврдат и фактите кои го теретат обвинетиот и оние што му одат во корист.
Но, и покрај добрата волја и законските обврски може да се случи на судот и на обвинителството да им остане непознат важен доказен материјал кој оди во прилог на обвинетиот, бидејћи обвинетиот без бранител, поради своето незнаење и психичката состојба во која се наођа, може да пропушти да го изнесе тој материјал. Од друга страна истражувањето на фактите за извршеното кривично дело и сомневањето кое постои против обвинетиот, оневозможува да го брани оној кој го суди или кој го обвинува.
Бранителот, пак со правилна и аргументирана интерпретација на правните норми, може да оневозможи погрешна примена на материјалното право уште во првостепената постапка, а пак ако тоа не му успее, да го направи тоа во постапка по правни лекови во корист на обвинетиот односно осудениот.
Међутоа ако бранителот го сфаћаме само како помошник на обвинетиот со единствена задача заштита на интересите на обвинетиот, можеме да констатираме дека неговиот допринос на вистината е ограничен со интересите на обвинетиот. За тоа каков и колкав ће биде доприносот во утврдувањето на вистината ће зависи од интересите на обвинетиот во секој конкретен случај. Според тоа во колкава мера на судот му се познати факти во однос на кривичното дело и сторителот, кои се неповолни, штетни за обвинетиот, во колкава мера тие произлегуваат од доказите кои ги предложил овластениот тужител, а кои ги утврдил судот на своја сопствена иницијатива, доприносот кон вистината ће осцилира од случај до случај.
Според изнесеното единствено ставот помош на судот во рамки на помош на обвинетиот претставува суштински одговор на бранителската улога како помошник на судот.
Инаку треба да се прави разлика међу улогата на бранителот при утврдување на факти кои одат во прилог на обвинетиот и улогата при утврдување на факти што го теретат обвинетиот.
Во првиот случај при утврдување на факти во прилог на обвинетиот типична ситуација која е најчеста во праксата и која единствено не му создава проблеми на бранителот е кога лично обвинетиот како најзаинтересиран за поволно завршување на постапката, доброволно ги изнесува пред судот сите факти кои одат во негова корист и настојува, преку сопствено ангажирање и ангажирање на бранителот, предложените докази да се изнајдат и утврдат.
Но, во атипични ситуации кога пред бранителот се појавуваат дилеми и проблеми, ставот на обвинетиот кон фактите кои му одат во корист и неговото однесување пред правосудните органи, го детерминираат однесувањето на бранителот и неговиот допринос кон вистината при утврдување на факти во корист на обвинетиот.
Процесната тактика на бранителот треба да биде таква да не се спротивставува на утврдувањето на факти од страна на судот, корисни за неговиот штитеник, дури и во случаи кога лично обвинетиот се спротивставува на тоа и истото го бара од неговиот бранител. Бранителот со своето пасивно однесување треба да му допушти на судот утврдување на тие корисни факти, а притоа нема да ја повреди должноста на чување професионална тајна. На овој начин се зголемуваат можностите за успешно завршување на кривичниот спор, а бранителот со својата процесна тактика на пасивно однесување ће даде допринос кон утврдување на вистината.
Бранителот може да инсистира да со што е можно поголема сигурност да се утврдат факти кои се недоволно проверени и дубиозни, па на тој начин да се отстрани секакво сомневање во нивното постоење. Међутоа, бранителот не смее да ги злоупотребува правата, па да го наведува судот да утврдува факти поволни за обвинетиот, за кои и самиот бранител знае дека не се вистинити, и на тој начин свесно да го одалечува судот од вистината и нејзиното утврдување. Бранителот има право и може да ги премолчи оние факти кои го теретат обвинетиот, но не смее да се служи со лаги.
Ако во постапката има повеће сообвинети лица, бранителот кој ги штити интересите на едниот од нив, изнесувајћи факти во корист на обвинетиот што го брани, доколку е неопходно потребно може да бара изнесување на факти и во однос на другите обвинети лица. Притоа неговиот начин на одбрана не смее да биде таков што да ја префрла вината врз другите обвинети лица, односно нивната вина да ја зголемува да би ја намалил кривичната одговорност на неговиот штитеник. Исклучок постои само во случај ако по длабоко уверување на бранителот, стекнато по темелно проучување на предметот и адекватно утврдената фактичка состојба, обвинетиот што го брани, не е крив, но неговата невиност не може да се докаже на друг начин, освен со докажување на вината на сообвинетиот.
Во врска со утврдување на факти на терет на обвинетиот, бранителот не смее и не треба да допринесува да се утврдат факти кои одат на терет на обвинетиот, међутоа не смее да ги спречува судот и другите органи да ги утврдуваат таквите факти. Бранителот е должен да го чува како тајна сето она што обвинетиот му го доверил, па и фактите кои одат на штета на интересите на обвинетиот. Оваа должност не може да се усогласи со принципот на утврдување на вистината, но спротивно на ова би биле компромитирани интересите на обвинетиот.
Међутоа во врска со ова постојат неколку ситуации. Во првата кога обвинетиот сам ги признава фактите, а и судот сам дошол до сознанија за нивното постоење врз основа на други доказни средства, бранителот треба да му овозможи на обвинетиот доброволно и своеиницијативно да ги изнесе фактите што го теретат, обвинуваат, а ако обвинетиот се колеба да го убеди така да постапи.
Во вториот случај ако судот не ги знае фактите што се неповолни за обвинетиот, ниту пак има можности да ги утврди врз основа на други доказни средства, а обвинетиот самостојно одлучи да го признае нивното постоење пред судот, коректниот бранител што треба да помогне да се утврди вистината, треба да се сложи со признанието на својот клиент. Совесниот бранител не треба да го одвраћа обвинетиот од доброволно признавање на фактите кои го теретат, туку треба да му допушти да ги изнесе, а и да му укаже на последиците и предностите на изнесувањето. Од друга страна самото признание оди во прилог на обвинетиот, особено ако во него се искажува каење за стореното дело, затоа што судот ће го земе како поволен факт и олеснителна околност при одмерување на казнената санкција. Бранителот пак признанието може да го искористи при анализирање на доказите и осветлување на личноста на сторителот на казненото дело.
Међутоа постојат и ситуации на лажни признанија и во такви случаи бранителот може да го даде својот допринос кон вистината само ако не се согласи со обвинетиот и ако ги оспорува фактите кои тој ги признал.
Во случај на факти кои се неповолни и го теретат обвинетиот, а истиот не ги признава, имаме две ситуации. Во прв случај, ако обвинетиот оспорува факти што му се познати на судот, преку изведување на други докази или на друг начин, бранителот треба да заземе пасивен став, како спрема утврдување на фактите од страна на судот преку други доказни средства, така и спрема оспорувањето и негирањето од страна на неговиот штитеник.
Доколку обвинетиот лично му признае на бранителот, дека фактите што ги негира се вистинити, а и очигледно е и од изведените докази дека тие му се познати на судот, па нивното упорно оспорување не ја подобрува положбата на обвинетиот во постапката, бранителот треба да влијае на обвинетиот да го смени таквиот став и да престане да ги негира фактите чие постоење е утврдено. Доколку обвинетиот не ги прима советите на бранителот, ће се појави конфликт међу нив што ће предизвика неусогласеност на одбраната, па во таков случај бранителот треба да ја откаже одбраната. Међутоа ако постапката е во фаза во која неусогласеноста на одбраната не може да се реши со откажување, затоа што тоа би било на штета на интересите на обвинетиот, постои мислење дека бранителот треба да ги застапува двете алтернативи, и својата и онаа на обвинетиот. Но, тука проблемот е во тоа што таквата одбрана, поради неусогласеноста и недоволната убедливост, остава блед впечаток врз судот.
Друга ситуација е кога обвинетиот негира постоење на некои факти и не ги признава пред судот, на кого исто му останале непознати, бидејћи не можеле да бидат утврдени преку изведување на други докази, а бранителот знаел за нивното постоење. Во таков случај поради почитувањето на професионалната тајна, бранителот треба да се воздржи од нивно изнесување или од подржување тие да бидат изнесени, односно да ги премолчи ако му биле доверени од страна на обвинетиот или за нив дознал на друг начин. Во ваков случај постои можност бранителот да даде допринос кон утврдување на вистината и во вакви состојби, особено ако се во прашање споредни неповолни факти кои му се непознати на судот, познати на бранителот, а обвинетиот не сака да ги признае, а постои потенцијална можност тие да бидат откриени. Како ће постапи бранителот сам ће одлучи, во зависност од околностите на конкретниот случај.
Во постапката бранителот постапува со свое лично убедување што претставува сознание, мислење, заклучок изведен од доказите во постапката, од она што обвинетиот му го доверил, или од она што на друг начин е дознаено надвор од постапката, а се однесува на постоење или непостоење на факти или околности значајни за решавање на кривично-правниот спор. Поађајћи од општите принципи на казнената постапка и од барањата на правосудството, а посебно од принципот дека бранителот не смее да изнесува ништо што е на штета на обвинетиот и не може да партиципира во осудување на својот клиент, научната доктрина го истакнала како универзален принцип ставот дека уверувањето на бранителот е безначајно, индиферентно, односно не се зема предвид.
Поради функцијата која ја врши и помошта што треба да ја укаже, од бранителот не треба и не смее да се бара негово мислење во кривично-правниот спор во кој настапува, за обвинетиот, неговата одговорност и други важни или акцесорни прашања, туку од него може само да се бара да пружи ефикасна правна и морална помош на лицето против кое е насочено кривичното гонење, користејћи ги при тоа сите дозволени средства што му ги става на располагање кривичното процесно право и правниот поредок во целина и уважувајћи коректен однос кон судот и обвинетиот. Бранителот не е повикан да ги оценува моралните вредности на својот штитеник, ниту пак судот треба да бара од него да го изнесува своето мислење за обвинетиот. Бидејћи кога би било така, изземајћи ги само политичките казнени дела, не би можело да се најде лице кое би ја прифатило одбраната на обвинетиот ако има негативен став кон извршеното казнено дело.
Бранителот ће пледира ослободување на обвинетиот ако постојат реални услови-откако ће оцени дека пред судот не е докажано обвинението, што значи дека постојат празнини и недостатоци во доказниот материјал, презентирани од овластениот тужител. Ако не постои таква реална основа, природно ниеден бранител нема да се залага за ослободување на обвинетиот, спротивно од утврдените факти кои покажуваат дека обвинетиот е крив. Во ваков случај може да бара ослободување само во исклучителни случаи и тоа од формално-правни причини како што се застареност, амнестија, помилување и слично.
Во случај кога без сомнение е потврдена тезата на обвинението, но и кога таа ће остане под сомневање, бранителот треба и мора да се изјасни по сите најважни прашања како што се постоењето на казненото дело, казнената одговорност и нејзиниот степен. Исто така, бранителот треба да го даде својот допринос во корист на одбраната, особено во однос на правната оценка и правната квалификација на казненото дело, бидејћи може согласно со околностите под кои е сторено делото, да се пледира поблага квалификација.
Доколку постои случај тезата на обвинението да остане под сомневање, а бранителот да смее да го изнесува своето лично убедување за невиноста на својот штитеник, бранителот би можел оваа правило да го злоупотребува-да би го спасил обвинетиот би изнесувал лично убедување во кое и самиот не е убеден.
Ако бранителот нема такво право за изнесување на своето лично убедување во постапката, избегнувањето да се изјасни за најважните прашања кои се предмет на казнената постапка, нивното премолчување или оставање резерви на нив, може да се формира дополнение или замена за доказ, но на терет на обвинетиот.
Постои поделба међу авторите во врска со овие случаи. Некои сметаат дека ако обвинетиот му ја признал својата вина, бранителот не смее тоа да го разгласи, бидејћи би ја повредил професионалната тајна. Но, ако обвинетиот и покрај тоа бара бранителот да ја пледира неговата невиност, адвокатот може или да се откаже од спорот или да се ограничи да пледира сомневање. На ист начин треба да постапува и кога обвинетиот или оптужениот се заинатил да негира и покрај очигледноста на фактите и формалното признание од сообвинетите.
Други автори сметаат дека ако обвинетиот го признал злочинот што го негира пред судот, не може да бара од бранителот да пледира на невиност. Ако бранителот не може да го наговори обвинетиот во опасноста на ставот да се негира и покрај веројатноста на фактите, тогаш може да пледира сомневање како што се пледира една хипотеза.
Покрај овие ставови на француските автори и во германската литература постојат неколку стојалишта. Според едни постои еџпрессис вербис право на бранителот да бара ослободување иако е уверен во вината на својот клиент. Други пак разликуваат случај во кој бранителот е уверен во вината на својот клиент, без да има докази и тогаш би можел да бара ослободување на обвинетиот. Во спротивен случај кога на бранителот му е познато од признанието на обвинетиот дека тој е извршител на делото, би било некоректно бранителот да бара ослободување на обвинетиот. Тогаш би можел да пледира сомневање или да се откаже од полномоштвото.
И во нашата литература преовладува мислењето дека бранителот треба во погоден момент да ја откаже одбраната, која што би ја свесно засновувал на невистини за најважните прашања.
До подивергентни и поспротивставени мислења доађа во случаите кога се работи за помалку важни прашања кои му се познати на бранителот и кои обвинетиот не сака да ги признае односно не ги изнесува точно пред судот или ги премолчува во присуство на својот бранител. Тогаш не можат да се постават општо прифатени правила за однесување на бранителот, па во согласност со адвокатската етика и моралот на општеството, бранителот треба сам да го одреди своето однесување во секој конкретен случај.
Случајот кога бранителот бара ослободување на обвинетиот, иако е убеден во неговата вина, однапред е осуден на пропаст. Сепак се разликуваат ситуациите кога бранителот своето лично уверување го стекнал без да за тоа има докази и ситуациите кога го стекнал на основа на признание на обвинетиот. Овие прашања треба да се решаваат од гледиште на моралот.
Како патоказ на бранителот за сите овие ситуации треба да му послужат некои правила на адвокатската етика во кои е пропишано дка верноста на вистината треба да му биде директива на адвокатот с# додека со неа не е присилен да ја повреди верноста кон странката, а со тоа и должноста за чување на адвокатската тајна. Ако адвокатот не може да ја реши колизијата међу овие две верности, ће мора да $ ја откаже понатамошната правна помош на странката, но така што ни тогаш да не предизвика непоправлива штета.
Referentni URL