Gotovi Seminarski Diplomski Maturalni Master ili Magistarski

Puna verzija: Tehnicki dostignuvanja vo komunikacijata
Trenutno pregledate Lite verziju foruma. Pogledajte punu verziju sa odgovarajućim oblikovanjima.
Интранет

Едноставно кажано,Интранет може да се објасни како лична форма на интернет, или како форма на интернет ограничена само на една организација.
Интранет мрежи се разликуваат од екстранет мрежи во тоа што Интранет претежно се однесува на вработените во една организација, додека екстранет карактеризира достапност и на клиентите, добавувачите, соработниците или други овластени лица. Интранет не мора нужно да има пристап на Интернет. Ако е вклучен, обично се одвива преку Firewall-заштитување, со идентификација на корисникот, кодирани пораки и често преку користењето на виртуелни приватни мрежи (VPN). Преку овој систем, вработените може да од оддалечени места да имаат пристап до информациите на организацијата, компјутерите и внатрешниот комуникациски систем. Интранет, освен меѓусебна комуникација на вработените, која може со користење на он-лајн форуми да доведе до создавање на нови бизнис идеи, се користи и за снабдување на софтверски алатки и апликации за подобрување на продуктивноста.

Предности
1. Продуктивноста на трудот: Интранет им овозможува на вработените моментален пристап до информации и апликации, значајни за нивните задачи и должности. Користејќи едноставен веб прелистувач, корисниците можат во секое време, во зависност од сигурносните прописи, од било каде да пристапат до информациите содржани во базата на податоци на која организација овозможува пристап. На овој начин се зголемува можноста дека вработените во организацијата ја извршуваат својата работа точно, брзо и со доверба во веродостојни информации.
2. Време: Со помош на Интранет, на вработените им се бараат информации достапни во време кое на нив им треба, наместо да се затрпуваат со e-mail-ови, кои можеби и не се толку прецизни.
3. Порака: Интранет се користи како важен инструмент и во вертикална и во хоризонтална и бизнис комуникација. Со објавувањето на податоци на мрежата се овозможува одржување на "знаењето" на организацијата и пристап до неа користејќи веб-технологија. Со ова се мисли, на прирачниците за вработените, информации за придобивките, деловни стандарди, па дури и он-лајн образование.
4. Деловни активности и одлуки: Интранет исто така може да послужи како основа за развој и пласман на бизнис апликации со кои се поддржуваат деловните активности и/или донесување одлуки во работењето што се одвива во Интернет опкружувањето.
Referentni URL