analiza na slucaj razuznavanje seminarski

Nova tema  Odgovori 
Podelite temu sa drugarima: ZARADITE PRODAJOM SVOJIH RADOVA
 
Ocena teme:
  • 0 Glasova - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
 
Autor Poruka
derrick Nije na vezi
Posting Freak
*****

Poruka: 3,082
Pridružen: Jul 2009
Poruka: #1
analiza na slucaj razuznavanje seminarski
П Р Е Д М Е Т


K R I M I N A L I S T I Č K O R A Z U Z N A V A W E



АНАЛИЗА НА СЛУЧАЈ ОД ПРАКСА



15.04.2007 година
СКОПЈЕ

ВОВЕД :

На 16.01.2007 година , вршејќи редовни работи и работни задачи , во поглед на прибирање на оперативни сознанија , во врска со повеќе извршени кривични дела ( Тешки кражби ) , на подрачјето на град Куманово , стапивме во контакт со повеќе оперативни и пријателски врски на теренот , со цел доаѓање до корисни сознанија од интерес на службата а во поглед на извршените кривични дела и нивните можни сторители .
И покрај повеќето остварени контакти , како и повеќе часовните обавени разговори со споменатите категории на граѓани, rabotejći na operativno razuznavawe не успеавме да дојдеме до корисни сознанија , за можните извршители на споменатите кривични дела ( кои пред , за и по Новогодишните празници ) , се извршија на подрачјето на Куманово .
На заминување од СВР – Куманово ( по завршетокот на раб. време), на автобуската меѓуградска постојка – кај Болница Куманово , се сретнавме со лицето И. Н. ( по занимање келнер – инаку наш познаник), кој сега работи како келнер во еден кафе бар во Скопје . Со него се задржавме неколку минути во разговор ( додека чекаше автобус , за да замине на работа во Скопје ) , при што во еден момент почна да ни раскажува дека неговиот сосед Т. Т. во периодот од Нова година па до денес , речиси секој втор ден бил гостин во кафе барот каде што тој работи со уште 3 до 4 лица и постојано тој честел т.е. ги плаќал сметките ( кои не биле со мали износи ) , на него секогаш имал ново перје ( гардероба ) , при што во еден наврат го превезол и И. до Куманово , при што го одвел на музика во ноќниот бар АНДРО ( лоциран во с.Долно Којнаре – Куманово ) , каде што исто така потрошил околу 200 евра .
Во понатамошниот разговор , И. не запозна дека ги знае семејните прилики на посочениот Т. ( бидејќи му е сосед ) , каде што во семејството ниту еден не работат , а претпријатието на татко му е во стечај ( повеќе од една година не зеле плата ) , така да истиот констатираше , дека Т. најверојатно се занимава со кражби или други недозволени дејствија и на нелегален начин доаѓа до пари . И. кажа и тоа дека последниот пат кога го видел Т. кај него во кафе барот во Скопје , десната рака му била завиткана во завој во пределот на дланката .
Последниот податок ( по заминување на И. во Скопје ) , не наведе на размислување дека при последната провална кражба во бутикот ,, ИН ,, лоциран во локалитетот Гарнизон во Куманово , при увидот , на лице местото беа пронајдени траги од крв , а со тоа ( и според она што го кажа И ) , не наведе на сомневање дека Т. Т. може да биде еден од можните извршители на таа Тешка кражба ( како и на уште три други провални кражби на бутици , извршени од почетокот на 2007 година ) .








Први чекори – прибирање на дополнителни сознанија :


Имајќи го како појдовна индиција фактот што лицето Т. Т. од татко М. од Куманово каде и живее на ул.Христијан Карпош бр.11 , невработен , неженет , со завршено основно образование , имал повреда на десната рака , како и трошел поголем износ на пари , пред нас за задача постави , прибирање на оперативни сознанија за истиот, во поглед на тоа со кого се дружи во последно време , која е му е девојка со која што се забавува и слично .
По еднодневно максимално ангажирање, na operativno razuznavawe од наша страна е дојдено до неколку имиња ( меѓу кои и едно на лице познато во криминалните кругови – Ѓ викан Бамбус ) , како и името на неговата девојка М. С. , со кои Т. во последно време , многу често бил забележуван низ градот и надвор од него .
Во текот на вечерните часови , додека сеуште прибиравме сознанија низ градот , Т. од наша страна беше забележан како се движи со ПМВ , марка Волво , со рег.ознака КУ-123-ГК ( на неговиот татко М. ) , низ центарот на градот . Од наша страна ( бидејќи се движевме со цивилно ПМВ своина на СВР – Куманово ) , преминавме на следење на движењето на истиот – на дистанца , по што истиот се упати во Болница Куманово – хируршката амбуланта . Додека тој го паркираше неговото ПМВ , ние излеговме од возилото и ги следевме неговите понатамошни постапки .
Истиот од како го паркира возилото , од багажниот простор извади една црна најлон кеса и се упати кон хируршката амбуланта – лоцирана во подрумскиот дел на Болницата ( чии влез е од задната страна – од кај паркинг плацот за персоналот ) .
Низ прозорецот на просторијата за преврски , видовме како се поздравува со болничарот А.А. , на кого му ја даде кесата , а овој набрзина ја смести во ормарот зад влезната врата , го седна Тони на првиот пулт , му го исече завојот на десната рака и го фрли во кантата за отпадоци . Потоа му изврши преврска и за неколку минути Т. се поздрави со него и ја напушти амбулантата .
По неговото заминување , влеговме во амбулантата , воспоставивме контакт со болничарот А.А. ( на чие лице и однесување веднаш се примети исплашеност и треперење ) , по што обавивме разговор во врска со посетата од Т. , како и за тоа што истиот му донел во црната најлон кеса . Болничарот во целост ни раскажа , точно онака како што и ние видовме низ прозорецот и ни ја даде кесата во која имаше : еден пар фармарки Disel бр.34 и еден блузон Disel бр.XL . Во една најлон кеса , од болничарот побаравме да го стави завојот кој го извади од раката на Тони при извршената преврска (на кој имаше траги од крв ) , за кој како и за содржината во црната најлон кеса , од наша страна му беше издадена потврда за привремено одземени предмети.



На истиот му е укажано , дека за нашата средба во никој случај несмее да контактира и да го запознае предметниот Т. , во спротивно , ќе сноси законски последици .
По ова , веднаш се вративме во СВР – Куманово , каде што стапивме во контакт со одделнието за крим.техника , при што се информиравме дали сеуште го имаат примерокот од најдените траги од крв , подигнати од лице место при увидот извршен во бутикот ,, ИН ,, пред неколку дена т.е. на 12.01.2007 година . Откако добивме потврден одговор , на дежурниот крим.техничар му го предадовме и примерокот од извадениот завој со траги од крв , поради испраќање на криминалистичко техничко вештачење и конпарирање на двата примерока .
Оштетените сопственици , на провалените бутици , од наша страна беа пронајдени и повикани , поради препознавање на одземените фармерки и блузон марка Disel . Откако по половина час истите пристигнаа во ПС – Куманово , им беа презентирани поради препознавање при што , сопственикот на провалениот бутик ,, Тера ,, , ги препозна фармерките и блузонот , додека сопственикот на бутикот ,, ИН ,, ја препозна црната најлон кеса , при што истакна дека дополнително приметил дека при провалувањето освен текстилната роба , му се одземени и околу 30 црни најлон кеси со натпис Mustang .
Предметите од наша страна не им беа веднаш повратени , од причина што истите ( доколку се укаже потреба ) , сакавме да ги искористиме за предочување – психолошко влијание на осомничениот , при негов распит , од како ќе биде приведен од наша страна за расчистување на случајот .
Нашето нетрпение и неизвесноста , траеше и наредниот ден т.е. на 18.01.2007 година , до 14,00 часот , кога пристигнаа резултатите од споредбената анализа на примероците од крв земени од завојот кој беше изваден од раката на предметниот ( сега веќе и осомничен ) Т. и оние кои беа подигнати од лице местото , при вршењето на увидот во бутикот ,, ИН ,, на 12.01.2007 година .

Резултатите беа позитивни – а мислењето гласеше дека двата примерока на крв потекнуваат од ист човек .



Клопчето се одвиткува :


Откако се беше јасно , барањето до судот беше проследено за да веќе во 14,30 часот , ја имавме наредбата од истражниот судија , за приведување на осомничениот Т. Т. и отпочнување со неговиот распит и доказната постака .
Лично од наша страна , беше пронајден кај неговата девојка и веќе во 15,20 часот , беше сместен во просториите на ПС – Куманово.
При приведувањето , истиот се чудеше зошто го бараме како и делуваше доста смирено и невино , кое однесување го манифестираше и при почетокот на неговиот распит , при што пројави и самоувереност , како последица на која не сакаше да ги искористи правото на бранител , правото на лекар , како и сметаше дека нема потреба да молчи за било кое прашање што од наша страна би му било поставено .
Бидејќи во раце имавме многу јаки аргументи и докази , игравме на таа карта да конкретно му предочиме , зошто е приведен и да побараме негов исказ во врска со фактот дека е осомничен за извршени повеќе тешки кражби-провали во бутици на подрачјето на Куманово .
Во меѓувреме , друга група на оперативни работници од наша страна беше инструирана , да остане во станот на неговата девојка ( каде што е пронајден предметниот Т. ) и понуди да ги предаде предметите
( текстилната роба ) , која што евентуално Тони и ја има дадено или подарено или пак доколку несака да ги предаде , да го обезбедат станот до наше доаѓање поради вршење на претрес . М. С. на оперативните работници им предала вкупно 11 парчиња текстилна гардероба која во последните десетина дена ја добила на подарок од Т. , за кои истиот и кажал дека и ги купил , со пари кои ги добил од кладилница .
Поради фактот што постоеше можност да Т. има и други соработници – соучесници,i jataci при провалувањето и протурањето на украдените стоки , а кои би можеле да дознаат за неговото приведување и истите да ги сокријат или отуѓат ( што во голема мерка би ни ја отежнало и искомpлицираlо расчистувањето на случајот ) , одлучивме да ги искоритиме аргументите и доказите што ги имавме на располагање и да ја убрзаме доказната постапка .
Му ги покажавме фармерките , блузонот и најлон кесата во која беа спакувани , како и завојот со траги од крв кој што беше изваден од неговата рака при извршената преврска од страна на болничарот А.А. , а воедно му беше прочитана и содржината на извештајот од извршената анализа на компарираните траги од крв , по што истиот го спушти погледот и изјави дека : .......... ,, е сега ме фативте , нема кај да одам ,, ........
Во понатамошниот разговор со сторителот , му беа поставени прашања каде се наоѓа украдената текстилна роба ,kako i koi se soizvršitelite i jatacite i pointenzivno e raboteno na operativno razuznavawe na otkrivawe na kriminalnata organizacija на што истиот кажа дека ја продал на непознати трговци од Косово , по остварен контакт преку негов познаник од Скопје . Меѓутоа овој негов одговор не даваше сигуrност на неговиот исказ , така да бевме принудени да му ја предочиме и одземената гардероба од неговата девојка М. , како и да се послужиме со мала интрига – лага , дека во соседната канцеларија со нетрпение го чека за да се соочат неговиот другар Ѓ. викан Бамбус , кој ќе се обиде да го подсети каде ја имаат odneseno i na kogo e prodadena kako i kade e сместенa украдената текстилна гардероба .
Истиот наседна на провокацијата и кажа дека навистина нема каде да се бега , по што ја кажа правата вистина , дека целата роба што ја има украдено од сите бутици ( кои кражби ги извршил заедно со лицето М. М. од с.Проевце ) , му ја дале на Ѓ. викан Бамбус , за која добиле 20 000 евра , а истиот ја сместил во гепекот на неговотo возило кombi, паркирано покрај гаражата во црни најлон вреќи , како и дел од робата ја качиле на таванскиот простор од неговата куќа .
За украдената роба – гардероба , Ѓ. викан Бамбус mu се пофалил дека има пласман во Прилеп и Битола, na svoi luđe poznati kriminalci od podzemjeto меѓутоа ќе чека погоден момент и да обезбедат istite пари , за да истата ја пласира и наплати во готовина. Seto toa poveće ne motiviraše da go zabrzame razuznavačkiot proces kon otkrivawe na identitetot na členovite na ovaa kriminalna organizacija koja se zanimava i so poteški formi na kriminal. Utredenta po dobienite soznanija od izvršeniot operativen razuznavački proces liceto Đ vikan Banbus beše sleden od operativni rabotnici od krim- policija i istiot po nekolku dena predmetite od krivičnite dela izvršeni na teritorija na Kumanovo so negovoto kombi istite gi odnese vo navedenite gradovi. Vo organizirana akcija zaedno so kolegite od navedenite gradovi istiot beše sleden i pri predavaweto na predmetite vo policiska akcija bea uapseni poveće kriminalci od navedenite gradovi poznati izvršiteli na teški krivični dela vo navedenite gradovi so što se rasčisija poveće od 50 krivični dela izvršeni na teritorijata na ovie gradovi.


Прибирање на доказите


По извршеното признавање од страна на сторителот Т. Т. , од наша страна беше обезбеден налог за претрес на стан и други простории на лицето Ѓ. В. викан Бамбус , со стан на ул.///////////////// во Куманово , како и негово приведување .
Веднаш по добивањето на наредбата , е пристапено кон вршење на претрес . Пронајден е и третиот инvолвиран член М. М. од с.Проевце и сите троица со кр.пријава се предадени на јавниот обвинител , кој подигна обвинение за сторените КД Тешки кражби и ги предаде на истражниот судија .





З А К Л У Ч О К :



Од извршената анализа на случајот од пракса , видливо е дека упорноста и темелитоста во operativnoto kriminalističko разузнавање и целокупниот разузнавачки процес , речиси секогаш произведуваат успех , а постојаните контакти со оперативните и пријателските врски на терен , како и познаници и други категории на граѓани ( покрај личното забележување ) , се основни извори на храна , кои полицијата како служба и државна институција за борба против криминалот и неговите носители .
Исто така видливо е дека за да се разбијат , организирани групи на криминалци , потребно е постапно превземање на kriminalistički разузнавачки мерки и дејствија , како и обезбедување на минимум аргументи и докази , со кои би имале поволна стартна позиција во однос на сторителите на делата и нашите настојувања да истите се разоткријат и доведат до степен на признавање , прибирање на докази и како последица на сето тоа , нивно изведување пред лицето на правдата – за да платат за сторените гревови .



КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА :

1. Досиеа за извршени КД Тешки кражби во 14 – наесет бутика во Куманово
2. Сеќавање за превземени мерки , како резултат на лично ангажирање во kriminalističko operativniot разузнувачки циклус во добивање на информации и податоци за расчистување на овие кривични дела, i razbivawe na ovaa kriminalna organizacija.

================================================
дипломски трудови, семинарски работи, дипломски, семинарски, оставајќи работа, дипломирањето, дипломска работа, семинарски работи, читања, maturalna акција, maturalni работа, оставајќи работа, дипломиран работа, работа maturalni, MA, maturalni, управување, дипломски, семинарски, магистерски тези , банкарство, менаџмент

diplomski trudovi, seminarski raboti, diplomski, seminarski, ostavajќi rabota, diplomiranjeto, diplomska rabota, seminarski raboti, čitanja, maturalna akcija, maturalni rabota, ostavajќi rabota, diplomiran rabota, rabota maturalni, MA, maturalni, upravuvanje, diplomski, seminarski, magisterski tezi , bankarstvo, menadžment


PORUČITE RAD NA OVOM LINKU >>> SEMINARSKI
maturski radovi seminarski radovi maturski seminarski maturski rad diplomski seminarski rad diplomski rad lektire maturalna radnja maturalni radovi skripte maturski radovi diplomski radovi izrada radova vesti studenti magistarski maturanti tutorijali referati lektire download citaonica master masteri master rad master radovi radovi seminarske seminarski seminarski rad seminarski radovi kvalitet kvalitetni fakultet fakulteti skola skole skolovanje titula univerzitet magistarski radovi

LAJKUJTE, POZOVITE 5 PRIJATELJA I OSTVARITE POPUST
02:20 PM
Poseti veb stranicu korisnika Pronađi sve korisnikove poruke Citiraj ovu poruku u odgovoru
Nova tema  Odgovori 


Verovatno povezane teme...
Tema: Autor Odgovora: Pregleda: zadnja poruka
  Analiza na slucaj-etika seminarski derrick 0 4,091 21-09-2009 02:28 PM
zadnja poruka: derrick
  na nevrabotenosta i na inflacijata - EKONOMIJA derrick 0 6,268 21-09-2009 02:25 PM
zadnja poruka: derrick

Skoči na forum: