ГРАНИЧНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ(Гледано од Балканот / Македонска перспектива

Nova tema  Odgovori 
Podelite temu sa drugarima: ZARADITE PRODAJOM SVOJIH RADOVA
 
Ocena teme:
  • 0 Glasova - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
 
Autor Poruka
bor4ebt Nije na vezi
Junior Member
**

Poruka: 1
Pridružen: May 2012
Poruka: #1
ГРАНИЧНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ(Гледано од Балканот / Македонска перспектива
I. ВОВЕД

Безбедноста воопшто, вообичаено беше гледана од воен аспект, во рамките на воените закани и воените капацитети. Затоа користењето на терминот Гранично обезбедување беше прикладно.
Ова беше редефинирано во контекст на периодот после Студената војна, за да вклучи термини како што се спречување на шверц на луѓе и стоки, намалување на илегалната трговија со дрога и оружје, борбата против тероризмот и пролиферацијата на оружја и компоненти за масовно уништување, така да е поприкладно да се зборува за Гранична безбедност во редуцирање на овие закани, отколку за Обезбедување на границата од непријателот со користење на воена сила.
Последните конфликти (започнувајќи од 1990 година) ширум светот, напоредно со огромните политички, национални и религиски поврзани промени создадоа клима погодна за експанзија на транснационалниот организиран криминал.
Во некои региони развојот на криумчарските мрежи спонзорирани од одредени држави обезбедија создавање на база за многу од постоечките организирани криминални мрежи. Овие организирани криминални мрежи се директна закана не само за некоја поединечна држава, помал регион, туку исто така и за безбедноста на континентално или глобално ниво. Организираните криминални мрежи многу брзо стануваат добро етаблирани, екстремно насилни и прогресивно повеќе иннтернационални.
Основна заедничка особина на сите овие закани е тоа што тие се прекугранични, на регионално, континентално или глобално рамниште.
Обезбедувањето на безбедноста на државите и нивните граѓани затоа бара ефикасен граничен безбедносен систем.
Во многу случаи, подобрувањето на граничната контрола на одредена држава бара екстензивни организациски и структурни промени во краток временски период. Различните видови на нарушување на граничната безбедност се појавуваат во многу различни форми. Нивната превенција представува многу комплексна активност бидејќи од властите кои се вклучени во овој процес се очекува да постигнат многу деликатен баланс помеѓу осигурувањето на „цврста контрола“ во однос на криминалните активности на една страна, и осигурувањето на непречен проток на идеи, луѓе и стоки на друга страна.

Токму во рамката на постигнувањето на овој „баланс“ се појавува концептот за „Интегрирано гранично управување“ (ИГУ), по кој денес функционира граничното обезбедување во многу земји ширум светот, и представува главна цел за постигнување во оваа област во многу други.

ИГУ представува правилна и разбирлива координација помеѓу поединечните активности преземени од секое релевантно министерство и агенција вклучени во активностите поврзани со државната граница.

II. СЛУЖБА ЗА ГРАНИЧНА БЕЗБЕДНОСТ И ГРАНИЧЕН МЕНАЏМЕНТ

Многу е важно за секоја држава, без разлика колку мала или голема е таа да ги почитува меѓународните обврски за гаранција на мирот и стабилноста. Најпрво од се во склоп на самата држава, а потоа и интернационално. Ниту една држава не треба да се смета премногу мала или безначајна за остварување на овие задачи.

Земајќи го ова во предвид, како и концептот на ИГУ, неопходно е да се подобри и засили концептот на гранична безбедност и менаџмент, како и да се осигура понатамошен развој на интер – агенциската и преку граничната соработка и дијалог, што представува најголем предизвик на сите професионалци кои се вклучени во овие процеси, бидејќи превенцијата на криминалот и неговата контрола не е повеќе задача која лесно може да биде решена во рамките на една единствена агенција или организација или во рамките на една единствена држава.
Националната и интернационалната координирана соработка на сите агенции и држави мора да биде единствениот одговор на преку граничниот криминал. Само заеднички координирани мерки може да водат до успех и затоа системите за гранична безбедност мора да се дизајнираат имајќи ја оваа соработка во предвид. Соработката мора да се одвива на сите нивоа: треба да биде на национално ниво (интер – агенциска соработка), билатерална, регионална, на ниво на ЕУ или интернационална. Соработката треба да биде базирана на чисти дефинирани цели, одговорности и задачи, а ако или кога е потребно со писмени спогодби. Сите елементи мора да бидат земени во предвид , да се разгледуваат реално а ресурсите да се користат во согласност со реалните закани.

Иако експанзијата на процесите на глобализација и интеграција го доведоа во прашање нивото на автономија на државите, од секоја поединечно се очекува да ја осигураат безбедноста на своите граѓани – самата легитимност и интегритет на државите зависи од ова. Затоа ова треба да биде примарен интерес на државите, да обезбедат ефективен сервис за гранична безбедност за своите сопствени граѓани.
Гранична стража, Гранична полиција, Служба за гранична безбедност, без разлика на името, треба да представува безбедносна организација во служба на граѓаните. Исто така треба да ја содржи во себе задачата за спроведување на законот, иако примарна задача треба да биде таа на обезбедувањето.
Затоа, примарна мисија на службата за гранична безбедност треба да биде јавната мисија која обезбедува ефективна и граѓански ориентирана заштита на границата обезбедувајќи придобивки за граѓаните и зајакнувајќи ја нивната безбедност.
Второ, но не помалку битна мисија на службата за гранична безбедност и граничен менаџмент е да им овозможи на граѓаните да живеат во област на безбедност и слобода, каде граѓаните можат да патуваат послободно и каде нивните бизниси може да се одвиваат полесно преку границите, со кучен момент на економскиот развој и редукција на сиромаштијата на глобално ниво.

Крајна цел на сервисот за гранична безбедност и граничен менаџмент е спречување на сите видови на неправилности поврзани со државната граница. Интерес на секоја држава е да обезбеди стабилност како внатре во државата така и во регионот. Регионалната стабилност може единствено да биде обезбедена со зголемување на регионалната соработка и со преземање на регионално прилагодени и флексибилни мерки.


III. ЗА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА

Мисиите и целите споменати погоре можат да бидат достигнати само од специјална гранична служба (полиција). Таа може да биде дел од регуларната државна полициска служба, но не треба да припаѓа на државните одбрамбени сили, иако може да има нивни поранешни припадници, имајќи ја во предвид долгата традиција на военото обезбедување на државната граница во минатото во многу држави , како и и сикуството на овој персонал и мотивацијата за работа кја истите ја имаат. Разбирливо, методите на работа ќе бидат многу различни. Треба да се размислува за граничната безбедност во рамките на една дистинктивна професија што бара специјализирани вештини и квалификации. Посебно внимание треба да се обрати на менаџирањето со човековите ресурси и квалифицирана обука.

Зошто граничнат безбедност е толку посебна? Ова станува јасно кога ќе се земе во предвид структурата на Граничната полициска служба. Таа се состои од:
- Единици за надзор на граничната линија помеѓу граничните премини на зелената граница и на водени површини;
- Единици за гранична контрола на Граничните премини;
- Единици за криминално разузнавање и истраги;
- Единици за едукација и тренинг на персоналот;
- Техноичка и електронска опрема за надзор на границата, како што се пловила и воздухоплови, електронски набљудувачки системи, компјутерски системи и бази на податоци;

Комплексноста на задачите може да биде илустрирана и дополнета со опис на областите во кои граничната полиција може да биде активна: амбасади и конзулати, гранични и полициски власти во соседни земји, гранична контрола (надзор и гранична контрола), блиска соработка со агенциите за спроведување на законот во ове области (царина , имиграциски служби, полиција, разузнавање, судска власт итн.)

За нормално функционирање Граничната полиција мора да има одредени капацитети кои вклучуваат:
• Ефикасна и функционална, независна владина органиџзација со раководен и контролен систем кој содржи вештини и можности за подигање на нивото на подготвеност и концетрација на силите и средствата на критични локации;
• Создавање на електронска и визуелна набљудувачка мрежа (вкучувајќи пловила и воздухоплови, радари, сензори и друга опрема ) која е интегрирана во единствен граничен контролен систем со граничната контрола на премините и со останатите единици за надзор на државната граница;
• Униформирана основна обука за сите задолжени за изврѓување на задачи од областа на обезбедувањето на државната граница;
• Блиска соработка на разни ниовоа помеѓу внатрешните безбедносни структури;
• Централизирани и ефикасни официјални контакти со соседните држави.

Развојот на „област на слобода, безбедност и правда“ е еден од најзначајните интеграциски проекти уште од почетокот на Европската унификација во педесетите години на минатиот век, и абсолутно може да се споредува и анализира со развојот на Единствениот европски пазар. Сето ова воопшто е многу близу со генералните принципи на глобализација во светски рамки. Потенцијалните придобивки за поединецот се огромни, а политичкото значење на процесите на проширување и интеграција тешко може да бидат незабележани.

Имајќи го сето ова на ум не е тешко да се замисли дека процесот на создавање на Специјална Гранична полициска служба некаде во иднина барем во европа ќе заврши со создавање на Европска гранична Полиција, која ќе овозможи безбедност на граѓаните на ЕУ.
Овој модел треба да содржи елементи како што се :
• Граничен безбедносен систем кој гарантира безбедност на граѓаните.
• Отвореност, чесност и меѓусебно прифаќање треба да ја карактеризира тимската работа.
• Поединечната самоодговорност треба да се промовира на сите нивоа.
• Информациите треба да се анализираат и дистрибуираат правилно.
• Современа и ориентирана кон должноста модерна полициска опрема мора да биде достапна и да се користи.
• Тренингот за и на работното место треба да се гледа како инвестиција.

До достигањето на оваа крајна цел секоја Европска држава и сите заедно, без разлика дали се работи за држава членка на ЕУ, земја – кандидат за членство или земја која географски и припаѓа на Европа, мора да вложи огромен напор во создавањето на соодветна Гранична полициска служба, способна да се бори со сите видови на закани познати во глобалниот свет, овозможувајќи безбедност за сите граѓани и овозможувајќи слободен проток на идеи, луѓе и стоки во светски рамки.

Зголемениот прекуграничен проток исто така ќе го подржи создавањето на поотворени општества со подобро разбирање и толеранција кон своите соседи и нивните културни , религиски и јазични разлики. Во исто време, заканите поврзани со злоупотреба и неправилно функционирање на системите за гранично обезбедување и менаџмент, како што се шверцување на стоки, трговија со луѓе, дрога оружје итн. Може да бидат подобро адресирани до властите одговорни за менаџмент на преминувањето на државната граница, подобрувајќи ја размената на информации и соработката.

IV. БАЛКАНСКА ПЕРСПЕКТИВА
Балканските држави треба да идентификуваат конкретни и специфични мерки за иден развој на своите Гранични полициски служби и на Граничниот менаџмент, како и да работат заедно на развој и употреба на кохерентни и конкретни стратегии кои се однесуваат на областа на граничната безбедност и менаџмент на Балканот, затоа што ефективниот сервис за граничен менаџмент не само што е препрека за организираниот криминал, туку уште повеќе служи како мерка за изградба на доверба и за засилување и надградба на програмите за одржлив социо – економски развој и национална самодоверба.
Балканските држави како држави – аспиранти за членство во ЕуУ трба да ги базираат своите планирања на Шенгенските принципи, за да може да заштедат време и пари. Има неколку причини за тоа. Соработката е полесна ако организациите се базирани на иста или многу слична структура, оперативни или образовни критериуми. Понатака, може да предпоставиме дека во повеќето случаи е поекономично да се гради нов отколку да се реновира одредена служба, посебно ако како крајна цел се има пристапот во ЕУ, при што целокупниот развој треба да се ориентира кон оваа цел.

Долгорочна, резултатски ориентирана стратегија за ефикасна гранична контрола во регионот треба да биде концентрирана на формирање на гранична полиција и демилитаризација на надворешните граници. Исто така нивоата на соработка помеѓу властите во различни агенции и служби во самата држава и интернационално, бараат подобрување. Зголемувањето на прекуграничната соработка е неопходна во насока на креирање на регионална кохезија, заедничко планирање на стратегиите за гранична контрола, поделба на технолошките и разузнавачките информации, како на микро така и на макро нивоа, како и создавање на околина погодна за изведување и подобрување на операциите за спроведувањето на законот .
Ова е долг процес, и ќе се разликува од држава до држава. Во овој момент постои воља во сите Балкански држави да се вложи напор, и генерално земено сите се движат во вистинската насока, но со различна брзина, во зависност од економските и политичките можности на секоја држава, но во секој случај подржани од ЕУ.
И токму оваа подршка и Европската перспектива на Западниот Балкан е посебно важно во моментот, земајќи ги во предвид политичките промени во регионот (статусот на Косово, референдумот за независност на Црна Гора, полноправното членство во ЕУ на Бугарија и на Романија итн.) кои се очекуваат во блиска иднина, а кои ќе имаат консеквенци на другите држави, особено во областа на Граничната безбедност и стабилноста.

V. МАКЕДОНСКИОТ ПАТ
Историја
Воспоставувањето на модерна служба за гранична полиција во Република Македонија е на половина пат.
Република Македонија беше дел од Југославија до 1990 година, и во тој период обезбедувањето на државната граница беше во надлежност на Југословенската армија.
По здобивањето на независноста во 1991 година и создавањето на Армијата на Раепублика Македонија, граничното обезбедување беше во надлежност на армијата, поточно на Гранична бригада и со употреба на истите објекти и тактики како и во поранешниот период. ЕУ и НАТО аспирациите на Македонија беа јасно дефинирани во средината на деведесетите години и оттогаш започна процесот на реформи во обезбедувањето на државната граница и воспоставување на ефикасна гранична контрола. Граничната бригада стана прва единица на АРМ која ги усвои НАТО стандардите, процедурите и тактиките, а Граничните премини во надлежност на МВР исто така започна да усвојуваат модрени процедури и опрема во работењето.

Усвојување на Стратегијата за Интегрирано гранично управување
Воспоставувањето на модерна Европска Гранична полициска служба започна во 2003 година, кога надлежните власти на Р.Македонија започнаа со реализација на следните активности:
- Усвојување на Стратегија за интегриран граничен менаџмент;
- Усогласување на законската регулатива од областа на граничниот менаџмент;
- Трансфер на обезбедувањето на државната граница во надлежност на МВР;
- Воспоставување на Гранична полиција во склоп на МВР;
- Развој на прекуграничната соработка со соседните земји;
- Дизајнирање на информатички систем
- Започнување на процедура за усвојување на нови патни документи со сигурносна заштита во согласност со Европските стандарди.

Владата на Република Македонија на 17.03.2003 година воспостави Интер – министерска работна група за водење на процесот на воспоставување на проект за Интегрирано гранично управување. На групата и беше доверено да го набљудува целокупниот процес на развој на Националната Стратегија на Интегрирано гранично управување и да го комплетира имплементирањето на овој концепт, зацртан за периодот до крајот на 2006година.
Погоре споменатата Интер – министерска работна група е координирана од Министерството за внатрешни работи но вклучува и представници од Министерството за одбрана, Министерството за образование и наука, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии – царинска управа, Министареството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски и министерството за животна средина и просторно планирање. Групата ја изготви Националната стратегија за интегрирано гранично управување и истата беше усвоена од Вчадата на Р.Македонија на 22.03.2003 година. Во насока на имплементацијата на оваа стратегија беше изготвен национален акционен план за Интегрирано гранично управување, кој е во последна фаза на развој и примена. Овој акционен план јасно ги дефинира специфиќните активности кои треба да се преземат како и временската рамка за нивна имплементација, индикаторите на перформанси, одговорните министерства и служби, потребните ресурси и потенцијалните ризици и услови кои треба да се исполнат.
На 24.03.2004 година Собранието на Р.македонија ги усвои измените на Законот за внатрешни работи и на Законот за преминување на државната граница и движење во граничниот појас, што создаде правна основа за формирање на Граничната полиција и трансфер на надлежностите во обезбедувањето на државната граница од Министерството за одбрана на Министерството за внатрешни работи. Понатака беше изготвен нов предлог – закон за надзор на Државната граница, кој има за цел прецизно да ги дефинира надлежностите во надзорот на државната граница, одбележувањето на државната граница, престојот и движењето во граничната зона, преминувањето на државната граница на Граничните премини, граничната контрола, активностите на Граничната полиција во внатрешноста, прекуграничната соработка и прибирање на персонални податоци и нивно чување.

Во насока на создавање на предуслови за трансфер на надлежностите од областа на обезбедувањето на државната граница , во Јули 2003 година беше воспоставена Интер – министерска работна група помеѓу МВР и МО. Оваа група беше подржана во работата од пет работни под групи, кои добија задачи поврзани со подготовките за воспоставување на Гранична полициска служба. Основна цел на овој проект беше давање анализа за тогашната ситуација во однос на состојбата со опремата и персоналот кои требаше да бидат трансферирани од МО во МВР, и да се направат проценки за потребите за периодот на 2004 и 2005 година. Работната група ја заврши својата задача во Јануари 2004, кога подготвениот проект беше усвоен од МВР и МО.
Обуката на персоналот кој требаше да биде трансфериран од МО во МВР се изведе на Полициската академија со учество на експерти од ОБСЕ.
Во согласност со Националната стратегија за Интегрирано гранично управување, процесот на трансфер на надлежностите во областа на обезбедувањето на државната граница започна на 01.05.2004 година, а процесот заврши на 01.12.2005 година со комплетно преземање на сите четири гранични линии, и тоа кон Р.Грција, Р.Бугарија, Државната заедница Србија и Црна Гора (вклучувајќи го и Косово) и Р.Албанија.
Со преземањето на надлежностите за обезбедување на државната граница со Р.Грција на 01.05.2004 година од страна на МВР, и de jure започна и самиот процес на етаблирање на Граничната полиција, која формално започна на 27.04.2004 година.
Како посебна структура во склоп на МВР , граничната полиција е задолжена за контрола на преминувањето на државната граница и надзор и контрола на државната граница. Од организациски аспект Граничната полиција е групирана како посебен сектор во склоп на Бирото за јавна безбедност.


Развој на прекуграничната соработка со соседните држави
Соработката со Граничните служби на соседните држави бележи константно подобрување.
Со Р.Грција веќе е воспоставена практика на одржување на редовни периодични состаноци помеѓу службите кои се директно вклучени во обезбедувањето на државната границапри што во исто време се воспостави постојана врска за размена на информации од областа на граничната безбедност.
Со Р.Бугарија се назначени офицери за врски за непречена размена на информации на локално, регионално и централно ниво.
Со Р.Албанија е во тек имплементација на проект за засилување на прекуграничната соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Албанија, во склоп на кој покрај веќе воспоставената пракса на одржување на редовни состаноци се одвива обука на соодветен персонал од двете гранични служби од областа на законодавствата на двете земји.
Со привената администрација на Обединетите Нации на Косово се назначени офиоцери за врски кои разменуваат информации од областа на граничната безбедност.
Прекуграничната соработка со соседните држави е базирана на склучени билатерални и интернационални договори и спогодби за специфичните области на соработка. Понатака, воспоставени се заеднички тела за соработка во специфичните сфери на интерес на државите, потписнички на договорите. Соработката со соседните држави исто така се одвива и со одржување на различни редовни средби за разни потреби, каде се водат дискусии за решавање на различни видови на проблеми кои се појавуваат во тек на прекуграничната соработка.

Изградба на интегриран информатички систем
Со цел да се подигне нивото на оперативната способност на Граничната полиција на повисоко ниво, во тек се активности за понатамошно надоградување на постоечкиот информатички систем. Во овој контекст, следните два проекти се во тек:
- Проект за изградба и проширување на телекомуникациската структура: Овој проект предвидува воспоставување на телекомуникациска мрежа помеѓу граничните премини и централата во МВР која ќе овозможува трансфер на податоци од Граничните премини до централната база на податоци и обратно;
- Проект за развој на Интегриран информатички систем за потребите на Интегрираното гранично управување (со софтвер за гранични операции) Овој проект предвидува развој на соодветен софтвер кој ќе овозможи централизирано прибирање, обработка и дистрибуција на податоци поврзани со граничните операции.

Изработка на нови патни исправи и други лични документи за идентификација во согласност со безбедносните стандарди на ЕУ
Во тек е јавната процедура за изработка на нови патни исправи и други лични документи за идентификација.
До сега првата квалификациска фаза беше спроведена, понудувачот е избран и се очекува во тек на 2006 година да се започне со изработка на новите документи. Истите ќе ги задоволат Европските стандарди и ќе сеодржат биометриски податоци, ласерски фотографии и други податоци за имателот на документот, како и инкорпорирани безбедносни ознаки кои треба значајно да ја намалат можноста од фалсификување и злоупотреба.

Стратегија за гранично управување и нејзини фази на имплементација
Во согласност со Владината одлука од 17.03.2003 година, Меѓуминистерска работна група го започна спроведувањето на проектот за Интегрирано гранично управување. Националната стратегија за интегрирано гранично управување беше усвоена на 22.12.2003 година од Владата на Р.Македонија. Националната стратегија беше развивана во согласност со специфичните околности во социалниот, политичкиот и правниот систем на Р.Македонија, имајќи ги во предвид исто така компаративните искуства на другите држави и сите релевантни интернационални инструменти, законодавството на државите – членки на ЕУ и на државите – кандидати за членство, како и препораките од Шенгенскиот каталог на најдобри практики.
Главни цели на националната стратегија се следните:
- Воспоставување на отворени но контролирани и сигурни граници во согласност со Европските стандарди со олеснување и забрзување на легитимното преминување на државната граница, и во исто време идентификација, детекција, превенција, спречување и постапување со илегалните активности, посебно оние прекугранични активности кои содржат елементи на организиран криминал и ја загрозуваат регионалната безбедност (трговија со оружје, луѓе и дрога);
- Трансфер на надлежностите за гранично управување од АРМ на МВР заклучно со 31.12.2005 година;
- Воспоставување на Гранична полициска служба во склоп на МВР, како главен државен орган за гранично управување, кој ќе ги преземе надлежностите за надзор и обезбедување на Државната граница до 31.12.2005 година;
- Воспоставување на Национален координативен центар за гранично управување кој ќе биде управуван од Секторот за гранични работи, во соработка со останатите државни служби вклучени во граничното управување, со цел достигнување на потребното ниво на соработка, меѓусебна подршка и размена на информации;
- Зајакнување на прекуграничната соработка со потпишување на меѓународни договори за соработка со соседите и другите Европски држави и симултана размена на офицери за врска со граничните служби на соседните држави.

Главни компоненти на Националната стратегија се:
- Опис на државната граница на Р.македонија – историски, соседните држави, постоечките гранични премини, патни, железнички и воздушни, географска демаркација на границата, гранична економија- главни економски активности на населението кое живее во граничните региони;
- Стратегиски предизвици, како на пример потенцијални видови на закани – конвенционални воени напади, можности за навлегување на непријателски групи и поединци, внатрешни конфликти и криминал;
- Правни работи – развој на примарна и секундарна законска регулатива во согласност со препораките содржани во Шенгенскиот каталог на најдобри практики. Воспоставување на методологија за развој на правната рамка и полно почитување на човековите права и слободи.
Донесување на закон за надзор и контрола на Државната граница и прописи за регулирање на соработката помеѓу министерствата и институциите вклучени во граничното управување, како примарен императив.
- Воспоставување на Служба за гранична полиција во склоп на МВР и дефинирање на нејзините потреби, оперативен концепт и надлежности. Воспоставување на Национален координативен центар за гранично управување заради координација на активностите на различните државни служби вкучени во граничното управување, отварање на Регионални центри на Граничната полиција, спроведување на истражни дејности;
-Регуртирање, селекција и тренинг на персоналот на Граничната полиција и размана на офицери за врски со соседните држави;
- Воспоставување на методологија во процесот на трансфер на надлежностите од Граничната бригада на АРМ на Граничната полиција, со временска рамка и распоред и без компромитирање на ефикасноста на граничното управување и безбедност на државата;
- Воспоставување на Национален систем за граничен надзор способен за ефикасен и прецизен пренос на информации, како и инсталирање на затворен систем за Видео надзор кој овозможува на менаџерите на оперативно ниво добивање на информации во реално време, што ќе им помага во процесот на донесување на одлуки;
- Категоризација на граничните премини (прва, втора и трета категорија) во согласност со нивниот стратегиски значај, а со цел концентрација на соодветни ресурси на одредени гранични премини;
- Воспоставување и имплементација на Стандардни оперативни процедури, базирани на надлежностите алоцирани на Граничната полиција и на Царинската служба;
- Спроведување на инспекции на комерцијални и други возила кои влегуваат или излегуваат на граничните премини, со профилирање на разузнавачки податоци и спроведување на активни истражни дејства;
- Засилување на активностите за правовремено детектирање, превенција и елиминација на обидите за илегална имиграција, трговија со луѓе, дрога, илегално поседување и транспорт на радиоактивнио и други опасни материи, како и спроведување на мерки за превенција и спречување на ширење на заразни болести;
- Јасно дефинирање на процедурите кои се применуваат на зелената граница;
- Развој на граничните подрачја со мулти – агенциски пристап и стратегии за граничен развој.
- Контрола на езерските граници со користење на радарски систем за спречување на илегалните преминувања;
- Развој на регионалната соработка и координација на локално, регионално и централно ниво, како и соработка преку Мешовити гранични комисии;
- Развој на систем на пренос на податоци за гранично управување;
- Пасошки и визен режим: воведување на нови патни документи со многу поголем степен на заштита од доесегашните. Обука на конзуларниот персонал вклучен во издавањето на визи со цел оспособување за откривање на фалсификувани или преправани документи, како и воспоставување на база на податоци за издадени визи;
- Разузнавање, аналитика и размена на информации со цел зголемување на националните капацитети за превенција на организираниот прекуграничен криминал преку развојот на национален разузнавачки модел, воспоставување на национален сервис за прибирање на разузнавачки податоци во врска со државната граница, интегрирана и распространета аналитичка способност;
- Анализа на ризик – оптимизација на ресурсите и оперативен менаџмент;
- Заштита на податоците и управување со базите на податоци;
- Воена подршка на цивилните служби. Граничната полиција и Министерството за одбрана ќе работат заеднички на развој на јасни административни и оперативни процедури за меѓусебна подршка во случај на закана за територијалниот интегритет на државата;
- Односи со јавноста во согласност со принципите на транспарентност и одговорност.

Имајќи го во предвид имплементирањето на чекорите од стратегијата за интегрирано гранично управување, од моментот на усвојување досега се завршени следните активности:
Интер – министерска работна група со учество на експерти од државите членки на ЕУ подготвија нацрт верзија на Акционен план за интегрирано гранично управување кој јасно ги дефинира специфичните активности кои треба да бидат преземени и временската рамка за нивна имплементација, индикаторите на перформанси, одговорните министерства и служби, неопходните ресурси и потенцијалните ризици и предуслови.
Беше извршена промена на законската регулатива која создаде правна основа за воспоставување на Граничната полиција. Беа изработени Предлог закон занадзор на државната граница и Закон за соработка во Интегрираното гранично управување.
Граничната полиција беше востановена како посебен Сектор во склоп на МВР. Активностите околу заштитата на државната граница, контрола на поминувањето, утврдување и решавање на гранични инциденти и други нарушувања на граничниот режим беа законски регулирани и надлежностите беа разграничени.
Обуката на персоналот на Граничната полиција се изведуваше на Полициската академија со учество на експерти од ОБСЕ и содржеше изучување на примарната и секундарната законска регулатива која се однесува на полициското работење, со посебен осврт на регулативата од областа на граничното управување. Кандидатите кои успешно ја поминаа обуката беа распоредени на извршување на должности и задачи во организационите единици на Граничната полиција. Активностите поврзани со имплементацијата на два проекти за изградба и проширување на телекомуникациската структура која треба да овозможи трансфер на податоци од граничните премини до центарот во МВР и обратно, како и централизирано прибирање, обработка и дистрибуцуија на податоци поврзани со граничното обезбедување се во тек.
Исто така во тек е и јавната постапка за изработка на нови патни документи и други документи за лична идентификација, кои ќе бидат според Европските стандарди.


Национална проценка на ситуацијата на државната граница
По здобивањето со независност на Р.Македонија, проценката на ситуацијата на државната граница се вршеше од страна на Министерството за одбрана, односно Првата гранична бригада, како тело задолжено за обезбедување на државната граница на Р.македонија.
Проценката е базирана на константен мониторинг, проучување и свесност за ситуацијата во граничниот појас и во областите од другата страна на границата, при што посебно беа истакнувани:
a) во топографско – географска смисла:
- Проценка на главните топографски одлики на граничниот појаси граничната зона како и целокупните гранични региони;
- Состојба на патната мрежа (вјклучително и патеките) во граничните региони, потенцирајќи ги оние кои представуваат можна закана при извршувањето на безбедносните задачи;
- Погодни локации за набљудување на границата, посебно во опфатот на тактичките и оперативните правци;
- Најповолни правци за употреба на единиците во сите можни услови на загрозување на безбедноста;
б) Во тактичко – оперативна смисла:
- Разместеност и капацитет на единиците кои ја обезбедуваат државната граница со соседните држави;
- Проценка за тоа кој дел од границата и во кое годишно време треба да му се обрати посебно внимание во насока на зачувување на безбедноста на државната граница;
в) Во безбедносна смисла:
- Безбедносна проценка на населението во граничната зона со соседните држави;
- Проценка на техничките и економските можности на граничните региони кои можат да бидат предмет на интерес;
- Проценка на ситуацијата се ажурираше еднаш годишно,а кога беше потребно зарагди одредени специфични промени се ажурираше и почесто.

По трансферот на одговорноста за обезбедувањето на државната граница на МВР односно Граничната полиција, беше извршена нова проценка на состојбата на државната граница (Анализа на ризик) , со цел да се увиди моменталната ситуација и да се дефинираат идните чекори и приоритети кои треба да се преземат за да се зголеми ефикасноста во обезбедувањето на државнат граница и развој на концептот на интегрирано гранично управување.

Анализата на ризик на тактичко ниво се подготвува со креирање на индикатори на ризик кои го инкорпорираат прибирањето на информации, анализа на информациите (задача на офицерите за разузнавање) и дистрибуција на изготвените податоци на Секторот за гранични работи како и на сите крајни корисници. Прибирањето на информации се спроведува од страна на целокупниот персонал на Граничната полиција, со користење на бази на податоци, ангажирање на персоналот од разузнавањето и размена на информации со други министерства и служби. Прибраните информации се дистрибуираат до оделенијата за разузнавање каде истите се анализираат и се идентификуваат изворите на ризик. Анализите се пренесуваат до учесниците во граничното обезбедување (Полициски станици за обезбедување на државната граница и Гранични премини). Како резултат на зголемената соработка и размена на информации, согласно Националната стратегија за интегрирано гранично управување и Националниот акционен план, усвојувањето на Меморандумите и протоколите за соработка е во тек. На ниво на Гранична полиција тактичките анализи се изведуваат на ниво на регионални центри на граничната полиција.

Анализата на ризик во оперативниот менаџмент се одвива на ниво на Сектор за гранични работи. Бидејќи истиот е служба која функционира помалку од две години, за подготвување на оперативна анализа на ризик сеуште се користат дел од податоците преземени од граничната бригада на АРМ. Анализата се изготвува со подготовка на одредени проекти од интерес за граничното обезбедување. Согласно принципот на субординација, резултатите од анализите се спуштаат до Регионалните центри, но истите се користат и за подготовка на други анализи. Анализите ги идентификуваат специфичните проблемиповрзани со државната граница, специфичните цели кои се сака да се постигнат итн. Соодветно, анализите ги дефинираат можните начини на ангажирање на персоналот и средствата.
Во оперативната работа за слични криминални дела се изготвуваат профили на ризик, врз база на поврзување на различните аспекти кои може да се поврзат. Одредувањето на карактеристиките на ризикот оставаат простор за слободна тактичка употреба на силите и средствата, што овозможува слободен проток на патници и стоки а воедно спречување на криминалот. Имајќи го во предвид фактот дека самиот процес бара познавање на видовите на ризик и специфичните видови на прекуграничен криминал како и разните видови на методи на работа и професионални вештини посебно на граничните премини, се спроведуваат и различни типови на тренинзи за персоналот на Граничната полиција. Овој вид на операции од областа на граничното обезбедување донесе подобрување на резултатите, бидејќи заканит
08:30 PM
Pronađi sve korisnikove poruke Citiraj ovu poruku u odgovoru
Nova tema  Odgovori 


Verovatno povezane teme...
Tema: Autor Odgovora: Pregleda: zadnja poruka
  Анализа на статистички податоци за вработените во млин Стојчев VS1 0 3,436 24-04-2010 03:28 PM
zadnja poruka: VS1
  ПАРИСКА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ derrick 0 2,797 21-09-2009 02:06 PM
zadnja poruka: derrick

Skoči na forum: