Глобализација
Глобализација или регионализација?
Светската трговија не е глобализирана целосно. Државите и понатаму ги ставаат во функција разните протекционистички мерки и трговијата е послободна за некои видови производи отколку за други. Иста констатација дека трговијата не е целосно глобализирана, наоѓаме кога проучуваме големите регионални економски интереси. Во овие региони државите соработуваат за намалување на трговските пречки меѓу себе. Целта е да се олесни трговијата внатре во регионот отколку надвор. Најзначајна економска регионална соработка во светот прави ЕУ. Во ЕУ се тргува слободно, исто така, со земјоделските производи и повеќето трговски пречки се укинати. ЕУ има воспоставено неколку правила со кои им забранува на земјите члинки ( и земјите членки на ЕОС) да ја развиваат економската дејност на штета на другите земји членки.
Исто така, има и други спогодби за регионална економска соработка:
• NAFTA е спогодба за развој на слободната трговија, која ги поврзува САД, Мексико и Канада.
• Земјите на ASEAN во Југоисточна Азија, исто така, постепено напредуваат во нивната економска соработка.
• Земјите на југот на Африка имаат големи надежи во економската соработка помеѓу SADC.
• MESCOSUR, унија на дванаесет земји во Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, кои ја имаат најголемата економска сила во Јижна Америка, е основана како реакција на NAFTA.
Во редовни временски интервали избиваат судири меѓу овие региони, во најлош случај во насока на тоа што може да го наречеме трговска војна. Кога во 2002 год., САД воспоставија принудни царински тарифи за увозот на челик за да се заштити нивната индустрија за челик, ЕУ одговори со закани и противодговори. Ова беше придружено со една напната акција на економската дипломатија. ЕУ поднесе тужба против САД во WTO и се закани со царински противодговор (принудни царински тарифи) за низа американски производи. Во меѓувреме кога САД одговорија со омекнување на правилата, преку царините се внесе многу бесплатно европско железо. Челикот на другите помалку силни партнери се исклучи на исто ниво. Со ова уште еднаш се гледа јасниот однос меѓу силата и правилата на игра во светската економија.
Дали големите компании имаат многу власт?
Со глобализацијата многу големи компании и мултинационалните компании, добиле голема власт. Можеме да издвоиме три односи во кои зборот на компаниите е главен: прво, поединците како работници и како клиенти, второ, поединечните држави и, трето, политичките процеси каде што се создаваат правилата за светската трговија. Компаниите имаат голема власт над работниците, затоа што во една глобализирана економија е полесно да се раселуваат. Во Норвешка сите ги знаат четките за заби Јордан. Во есента 2002год., компанијата одлучи да го пресели производството на четки за заби во Англија. Компанијата пред да замине толку далеку, на работниците им предложи намалување на платите, како обид за спас на работното место. Компанијата излезе со профит и не беше потребно да се преселува. Компаниите имаат власт над нас како клиенти доколку станат толку големи што ние стануваме зависни од нив.
Исто така, глобализацијата на компаниите може да им даде голема власт над владата и државните водачи. Најдобри примери за тоа дека компаниите имаат власт над правилата на светската економија наоѓаме во WTO и ЕУ.
Глобализација на сиромаштијата
Денес можеме да зборуваме за глобализацијата на сиромаштијата како тема која е ставена на дневен ред. Иако мнозинството луѓе имале подобар материјален и здравствен живот, во последниве децении немаше големи разлики во благосостојбата меѓу групите и разните земји. Посебно, иселеништвото кое расте од година во година, од сиромашните во богатите земји, влијае последниве да го почувствуваат притисокот на сиромаштијата.
Претходно сиромашните групи немале сознанија за богатството на другите. Глобализацијата на медиумите и зголемувањето на сообраќајот на луѓето низ целиот свет, меѓу другото, преку туризмот, им покажа на сиромашните каков е богатиот свет и обратно. Глобализацијата на инвестициите, производството и трговијата се повеќе заедно ги поврзува судбините на државите и развојот. Низа стоки за потрошувачка од богатите земји, се произведуваат во сиромашните земји, додека западните берзи се тресат кога некоја сиромашна земја поминува низ социјални и економски турбуленции. Многу од богатите западни земји доживејаа значаен пораст на групациите кои се под нивото на живеење. Близу една третина на населението, и во западните земји денес може да се смета за сиромашно во однос на општеството со кое се окружени. Тоа се иселениците од сиромашните земји, кои придонесуваат да расте очајот во многу градови низ Европа и САД.
Ггледано од овој агол, глобализацијата направила неправда и искривена поделба на одговорноста на една заедничка проблематична област. Нема да помине многу време и од едната страна ќе имаме богати, а од другата страна, сиромашни.
Проблемот на сиромаштијата, гледан од овој аспект, е заеднички проблем. Проблемот би се решил со потесна економска соработка меѓу богатите земји и сиромашните, од која би имале профит како од аспект на стабилните услови за инвестиции и трговија, така и од аспект на решавањето на глобалните проблеми на средината или поттикнувањето на вредностите, како што е демократијата и човековите права.
Поголемиот дел од богатите држави денес ја признаваат одговорноста за сиромаштијата. Преку колонијалната политика тие низ последниве векови и преку трговската и кредитната политика, во последниве децении, создале директни или индиректни услови за развој на сиромашните држави. Сиромаштијата е политички проблем кој се однесува на создавањето на основа за благосостојба и моќ за влијание во распределбата на материјалните добра на национално и меѓународно ниво.
Проглобализација (глобализам)
Поддржувачите на демократската глобализација можат да се наречат проглобалисти. Тие сметаат дека првата фаза на глобализацијата која беше пазарно ориентирана, треба да биде завршена со фаза на градење на глобални политички институции кои ја претставуваат волјата на „светскиот граѓанин“. Разликата со другите глобалисти е тоа што тие не дефинираат однапред една идеологија која ќе ја ориентира оваа волја, туку треба да биде оставена на слободниот избор на граѓаните преку демократски процес.
Поддржувачите на слободната трговија посочуваат кон тоа дека слободната трговија води до поефикасно распределување на ресурсите, со вклучување на сите земји во трговските бенефициии. Воглавно тие тврдат дека ова доведува до пониски цени, повеќе вработување и поголемо производство.
Либертаријанците и другите промотери на капитализмот сметаат дека повисоки нивоа на политичка и економска слобода во форма на демократија и капитализам во развиениот свет доведуваат до повисоки нивоа на материјално богатство. Тие ја гледаат глобализацијата како бенифиција на демократијата и капитализмот.
Критичарите сметаат дека антиглобализациските движења користат недокажани аргументи за да го поддржат нивниот поглед и дека напротив светските карактеристики силно ја поддржуваат глобализацијата. Еден ефект на глобализацијата е што бројот на луѓе од земјите во развој кои живеат со помалку од 1$ дневно се преполовил. Други ефекти: просечната должина на животот во земјите во развој по Втората светска војна скоро се зголемил двојно, и почнува да се ближи кон бројката на развиениот свет, каде напредокот е значително помал. Детската смртност е намалена во речиси секој регион на светот. Нееднаквоста на приходите во светот како целина речиси исчезнува.
Многу прокапиталисти се критичари и на Светската банка и на ММФ, сметајќи дека тие се корумпирани бирократи контролирани и финансирани од држави наместо од корпорации. Многу заеми биле дадени на диктатори кои никогаш не ги извршиле ветените реформи туку ги оставиле обичните луѓе да платат за долговите подоцна. Затоа тие гледаат малку капитализам во глобализацијата. Исто така тие сметаат дека дел од одбивноста кон глобализацијата доаѓа од специјалните определени групи од Западот со конфликтни афинитети и интереси.
Антиглобализација
Различни аспекти од глобализацијата се сметаат за штетни од страна на активистите за јавниот интерес како и за националистите од моќните држави. Ова движење нема унифицирано име. „Антиглобализација“ е терминот кој се преферира во медиумите. Самите активисти сметаат дека ова име е бесмислено и безначајно, со оглед на тоа што целта на ова движење е да се глобализира правдата. Впрочем „глобално движење за правда“ е исто така распространето ИМЕ. Многу активисти се обединети под слоганот „Друг свет е можен“
Има широк спектар на различни видови на антиглобализација. Воглавно, критичарите тврдат дека резултатите на глобализацијата не се она што се предвидувале да бидат кога започнале обидите за слободна трговија, и дека многу институции вклучени во системот на глобализација не ги земаат во предвид интересите на посиромашните нации и на работничката класа.
Економските аргументи од страна на теоретичарите на слободната трговија тврдат дека неограничената слободна трговија ги бенефицира оние со поголема финансиска моќ, односно богатите на сметка на сиромашните.
Многу „антиглобализациски“ активисти гледаат на глобализацијата како промоција на корпоративната агенда, чија намера е ограничување на слободата на индивидуите во име на профит. Тие исто така тврдат дека растечката автономија и силата на корпорациските ентитети ги обликуваат политиките на националните држави се повеќе.
Некои „антиглобализациски“ групи тврдат дека глобализацијата е империјалистички проект и дека таа е една од главните причини за Ирачката војна и дека поради глобализацијата, мнозинството на финансии се влеваат во државната каса на САД наместо во државните каси на сиромашните држави во развојот.
Протестите од страна на глобалните движења за правда принудија средбите на високо ниво да се одржуваат надвор од големите градови каде што вообичаено се одржуваа односно да се преместат во далечни локации каде што простесрирањето е непрактично.
Некои „антиглобализациски“ активисти сметаат дека моменталната „глобализација“ ги глобализира парите и корпорациите, и во исто време одбива да ги глобализира луѓето и синдикатите. Ова може да се види од недостигот на работнички права во многу држави, како и од стриктините имиграциски контроли во целиот свет во развој.
Глобална војна?
Сеатл 1999, Прага 2000, Гетеборг и Ѓенова 2001, четири места со настани проследени со драматични соочувања помеѓу полицијата и младите кои протестираат во целиот свет. Поголемиот дел од демонстрантите ги одбегнале насилничките судири, но големо внимание повлекоа со масовното учество во демонстрациите и разновидните залагања, што не беше видено од протестите против Виетнамската војна пред 30 г. Четири градови организираа седници на значајните меѓународни државни организации со кратенките WTO, IMF, EU и G7. Политичарите, официјалните лица и лобисти имаа цел да се сретнат за да одлучат околу правилата на играта во светската економија. Кој ќе има право да врши трговија? Што? Кога и со какви услови? Какви ограничувања ќе им се дозволат на меѓународните претпријатија, мултинационалните друштва и сл. Власта, за да ги воведе условите за меѓународната трговија и економија воопшто беше извршена со молк или без залагање или народно противење, се до седницата во Сеатл во1999г.
Демонстрантите протестираа против политиката на трудот за поефтина размена на стоки, услуги и инвестиции надвор од границите. Луѓето на улица отворено протестирале за неколку работи поврзани со глобализацијата, но за многумина од нив тоа беше израз кој го привлече вниманието за глобализацијата во нашето време. Едно такво меѓународно политичко единство, светот не видел никогаш.
Борбата против глобализацијата покажува дека меѓунарната економија и стопанство се повеќе се две страни на еден проблем. Аргументи за таквото мислење можат да бидат следниве:
• Меѓународните економски модели и односите на власта одамна се резултати на политичките решенија што ги имале моќните држави и државните организации.
• Меѓународната економија ги води државите во интензивна конкуренција за ресурси, пазари, инвестиции и др. Истовремено тие се залагаат за воспоставување на рамки во меѓународната трговија.
• Државите се предизвикувани од моќни актери во меѓународната економија не помалку од мултинационалните друштва.
• Меѓународните економски врски директно или индиректно влијаат во општественета распределба на материјалните добра.
Противење на слободната трговија и глобализација
Зошто постои силно противење слободното движење на парите, стоките и услугите надвор од границите на земјите? Една од причините е вознемирувањето за порастот на силата во мултинационалните компании, многу други се вознемирени дека костото на животната средина во врска со производот и транспортот на производите со кои се тргува, не е пресметано во цената на производот. Доколку се прават големи загадувања при транспортот на една стока и овие трошоци целосно не се покриваат од таксите на бензинот или другите такси, може да се каже дека овој слободен пазар тежнее повеќе кон себе отколку во корист на општеството. И нема да профитираат сите од трговијата, брзо ќе се случи на крај сите да загубат.
Слободната трговија е организирана неправедно, се вели покажувајќи дека денес сме поблиску до слободното движење на индустриските производи, но протекционизмот не помалку во западните држави ја кочи трговијата на земјоделските производи, значи стоките што ги извезуваат сиромашните производи. Ова е еден систем кој им одговара на потребите на богатите држави, тврди некој друг. Всушност, ова не е некаков аргумент против слободната трговија, туку е аргумент кој потврдува дека ние треба да имаме слободна трговија во многу области. Проблемот стои во тоа дека секогаш трговските правила кои се во сила ги рефлектираат интересите на богатите земји, затоа слободната трговија никогаш нема да биде праведна. Еден аргумент против економската глобализација можеме да го наречеме „race to the bottom“: Значајните политички и социјални ставови се ставени во опасност. Бизнисите се закануваат дека може да се преселат во држави кои имаат пониски барања во уплатата на таксите, работната средина, односот на платите, почитувањето на законите, и ова може доведе до тоа дека државите се ставаат под притисок за да попуштат, со цел да ги зачуваат работните места и инвестициите. Со ова политичарите се откажуваат од вредностите кои всушност сакаат да ги чуваат, како што се приходите и даноците, здравата работна средина, повисокото ниво на платите и сл. Слободната трговија може да ги замрзне земјите на различни нивоа на развој: Тие понатаму не можат да излезат на крај со технолошкиот и индустрискиот развој. Се мисли дека бизнисите и економските дејности, кои се заштитуваат од царинските ѕидови во почетната фаза, стануваат поспособни во меѓународната конкуренција. Само тие растат и се зајакнуваат доволно без некој силен притисок однадвор.
PORUČITE RAD NA OVOM LINKU >>>
SEMINARSKI
maturski radovi seminarski radovi maturski seminarski maturski rad diplomski seminarski rad diplomski rad lektire maturalna radnja maturalni radovi skripte maturski radovi diplomski radovi izrada radova vesti studenti magistarski maturanti tutorijali referati lektire download citaonica master masteri master rad master radovi radovi seminarske seminarski seminarski rad seminarski radovi kvalitet kvalitetni fakultet fakulteti skola skole skolovanje titula univerzitet magistarski radovi
LAJKUJTE, POZOVITE 5 PRIJATELJA I OSTVARITE POPUST
|