Амбалажа и пакување

Nova tema  Odgovori 
Podelite temu sa drugarima: ZARADITE PRODAJOM SVOJIH RADOVA
 
Ocena teme:
  • 0 Glasova - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
 
Autor Poruka
VS1 Nije na vezi
Posting Freak
*****

Poruka: 5,343
Pridružen: Aug 2009
Poruka: #1
Амбалажа и пакување
1ДЕЛ- поим,развој,значење,видови и поделба_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 1

2ДЕЛ-амбалажата од маркетинг аспект_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _4

3ДЕЛ-тестирање на амбалажата од промотивен аспект_ _ _ _ _ _ _ 6

4ДЕЛ-поим за пакување_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8


ПАКУВАЊЕ И АМБАЛАЖА

I
(поим,развој,значење,видови и поделба)

Под дејство на надворешни влијанија,својствата на стоките се менувваат.За да се зачува квалитетот на производите,тие се амбалажираат. Користењето на пакувањето започнало во XIX век со индустриската револуција.Денес се смета дека преодот од занаетчитско на индустриско производство на храна,е овозможено со решавање на проблемот на амбалажата.
Зборот АМБАЛАЖА има француско потекло(emballage) и значи “опремата на стоката”,”прибор за пакување”,”замотување”.
Амбалажата е средство за културно презентирање на стоката на пазарот.Се приспособува на начинот на диструбуција продажбата,односно на средствата со кои ти се вршат. Благодарение на амбалажата е овозможено доопремување, транспорт, манупалација, складирање, прикажување и продавање на произвo-дот, без тој да изгуби на својот квалитет.
Производот на релација од производител-потрошувач мора да помине низ неколку фази.Притоа,улогата на амбалажата е стоката во неа да се смести,заштити и продаде.
Способноста за сместување зависи од материјалот од кој е изработена амбалажата.Поврзувајќи ја содржината на производот во определен облик го спречува растурот,некогаш амбалажата ја имала исклучиво само оваа функција,на пр.садовите за течност,буриња,вреќи и др.
Сместувањето на стоката во амбалажата со одреден облик има повеќекратно значење.Правилно одбраната форма на амбалажата ќе овозможи рационално искористување на складишниот ,транспортниот и продажниот простор.Обликот треба да дава можност за едноставно манипулирање со користење палети и помали контејнери,а при транспорт употреба на виљушкари и пренос.Сместувањето со погоден облик и конструкција го оневозможува поткрадувањето на спакуваната стока.
Амбалажата го разрешува основниот проблем на прометот ,а тоа е заштитата на квалитетот се додека да стигне до купувачот.За да се заштити со амбалажата стоката од расипувзње,потребно е да се познаваат факторите кои што го предизвикуваат расипувањето.Кај пооделни стоки амбалажата штити од температура,притисок,влага,кај други од инсекти,микроорганизми или пак од од удар,пад и др. Добро изработена амбалажа овозможува заштита од секакво физичко и механичко влијание
како и од атмосферско дејство,како на пример: сонце, светлина, ветер, дожд, студ, мраз, град и др.Во современи услови,од амбалажата се бара да ја заштити човековата околина од дејството на спакуваната стока.Таков случај е кога стоката е отровна,заразена, запалива,експлозивна,радиоактивна и слично.
За да се исполнат овие задачи на амбалажата се посветува поголемо внимание на изборот на материјалот за нејзина изработка.
Погледнато во минатото,а и денес,се користат оние материјали кои на одреден степен од развојот на науката и технологијата,овозможуваат најдобра амбалажа.
Прв материјал,искористен како амблажен било дрвото.Добрата механичка цврстина,малата специфична тежина, еластичноста, добрите топлотно-изолационски својства, нискиот коефициент на топлотна проводливост, отпорноста на хемикалии од органска природа и др. го препорачуваат и денес за употреба.
Меѓутоа дрвото има големи можности и за користење во други стопански гранки и затоа не се користи,односно да се замени со друг амбалажен материјал онаму каде што може.Рационализацијата во користење на дрвото опфаќа изработка на повратна амбалажа,преработка на непотребната или искористената амбалажа,изработка на амбалажа од комбиниран материјал(дрво-картон,дрво-пластика и сл.).Од дрво се изработуваат сандаци,гајби и сл.
Текстилот е првобитно употребен за амбалажа на семенски материјал во селските домаќинства.Подоцна се користат различни текстилни влакна од природно,растително,животинско и минерално потекло,како и синтетичко кое денес станува се позначајно. Оваа амбалажа ја препорачува можноста за изработка на ткаенини,кои употребени како амбалажа ќе овозможуваат проветрување.Приспособливоста на формата овозможува искористување на просторот што исто така е позитивно,а складирањето бара скромен простор.
За изработка на текстилна амбалажа се уште најценета е јутата,но се користи и конопот,памукот,ленот,рафијата и др. кои современоста ги заменува со полиамиди,полиестерски,полиакрилонитрилни и со др. синтетички материјали.
Хартиената амбалажа е израз на современета трговија.Од хартијата се изработуваат разни видови на амбалажа.Основна е поделбата на хартија за транспортна амбалажа и комерцијална амбалажа,каде спаѓаат карто-нот,лепенките,натрон-хартија и комерцијална амбалажа,т.е хартија за меко пакување,налепници,непропустлива хартија итн.
Хартијата е најпогодна комерцијална амбалажа,која овозможува високо хигиенско ниво во трговијата.Но таа не се одликува со механичка цврсти-на и отпорност.Некои од негативните особини на хартијата се отстранети со изработката на картонот.Остра граница меѓу картонот и хартијата
не постои ,но вообичаено е да се смета дека хартијата со маса 150 gr./m² е картон.Се произведува и повеќесловен картон(двослојен,трослоен итн.)Во употреба е и ребрестата лепенка,се добива со слепување на рамна хартија со брановидна.И таа може да биде една или повеќеслојна.Освен ова се употребува “непропустлива хартија”,хартија која се слепува со алуминиумска или пластична фолија и сл.Од хартијата и од картонот се изработуваат кесиња и кутии со различна големина и облик.
Металната амбалажа опфаќа употреба на бела и алуминиумска ламарина.
Белата ламарина е челична и од двете страни калаисана со различна дебелина на калајниот слој.Калаисувањето може да се изведе со топло калаисување и електролитски, што повеќе се користи за заштеда.
Со иста намена се користи и челичната ламарина,преслечена со алуминиум,алуминска ламарина,фолија и лента.Во последно време се користат и хемиски пасивизирани ламарини кои по површината имаат фосфатно хромен слој.
Изработената амбалажа е непропустлива за светлина,гасови,пареа и микроорганизми,отпорна е спрема температурата,механички отпорна и едноставна за обликување.
Негативната страна е што како стока бара голем и скап складишен простор,што е нестислива,а условите на температурата и влажноста постојано да се контролираат за да не дојде до корозија.
Како метална амбалажа се изработуваат: разни кутии,туби,канти,бури-ња,цистерни и сл.
Стаклото како материјал за амбалажа е посебно значајно.Хемиската постојаност,тврдината,термичките и оптичките својства го прават стакло-то,како амбалажен материјал како незаменлив.
Негативната страна е нестисливоста,нееластичноста,зафаќање на голем складишен простор и сл. Од стаклото се изработуваат шишиња, чаши, тегли, балони, цилиндри и др.
Пластичните материјали се “последниот збор” на индустријата за изработка на амбалажа.Тие се материјали кои се цврсти на обична,а се топат на зголемена температура,кои под притисок се потиснуваат во специјални калапи.При оладување го задржуваат обликот.Хемиски тие се органски синтетски макромолекуларни соединенија. Освен основната суровина тие можат да содржат : врзива смола, омекнувачи, стабилизатори, полнители и бои.
Со правилен избор на суровината(од хемиски состав),за секој производ може да се избере синтетички материјал за амбалажа.Статистички податоци покажуваат дека ¼ од светското производство на пластични маси се користи за изработка на амбалажа. Најупотребувани се полипропиленот, полиетиленот, поливинилхлоридот, полистеренот и др.
Разновидноста на синтетичките материјали озвоможуваат да се изработи амбалажа која ќе биде проѕирна или непроѕирна,полупропустли-ва.Негативната страна е што ја загадува”природата”,т.е нејзината невклопливост во природниот циклус на материјата во природата.
Од пластиката се изработуваат ќесиња и вреќи,кутии,садови од различен облик,буриња,цистерни,гајби,држачи итн.
Комерцијанната функција е двојна.Од една страна го зачувува квалитетот ,т.е вредноста на стоката,а од, друга страна ја зголемува цената на чинење на производите.Пакувањето ги зголемува трошоците за работна сила,материјал за изработка,инвестиции за опрема итн.Нејзината цена зависи од материјалот и од начинот на изработка.Кај одделни стоки таа се движи и до 50 % од цената на чинење,а кај посебно луксузните продукти ,на пр.парфемите,може да достигне и до 70%.
Со цел да не се оптоварува цената на чинење на производите со цената на амбалажа,некои стоки,најчесто суровините,денес се продаваат неамбалажирани.т.е во рифузна состојба.Таков е случајот со рудите,некои материјали од градежништвото,дрвата за огрев,житото и сл.
Но,непосредно за поголем број производи,цената на амбалажата е занемарлива во однос на она што на стоката и го обезбедува.
Третирајќи ја амбалажата како можност за комуникација со потрошува-чот,производителите се обидуваат преку неа да влијаат врз одлуката на купувачот,за кој производ да се одлучи.Тука до израз доаѓа(површинскиот) дизајн.Многу често амбалажата е изработена од сјајни и транспарен-тни фолии во различни бои и нијанси.Украсена е со цртежи кои се допадливи и популарни.(од цртани филмови,животинско царство,музички и филмски ѕвезди), или пак вршат реклама на составот,вкусот или друга карактеристика на производот.
Современиот свет ја третира амбалажата како и секоја друга стока.Таа подложи на стандардизација,а со тоа и контрола на квалитетот.Притоа се испитува цврстина на кинење, механчка отпорност, порозноста, пропустливос-та на течности,гасови и пареа,апсорпција на мириси,стабилност на хемикалии и корозија итн.
Важноста на амбалажата во прометот е се поголема.Во светот за оваа проблематика се занимаваат стручни лица и цели институции.Постојат разни поделби и класификации,според различни критериуми.
1. Според намената може да биде:
*КОМЕРЦИЈАЛНА(се користи за продажба по самослужувањата и др.продавници);
*ТРАНСПОРТНА(за внатрешно и надворешно пакување на стоки,за домашен и странски пазар,за континентен и прекуморски превоз).
2. Според материјалот од кој е изработена:
- метална
- стаклена
- хартиена
- пластична
- и текстилна;
3. Од економски аспект се разликува:
1. Повратна-обично скапа амбалажа која се користи неколку пати;
2. Неповратна-еднократна употреба.

II

(Од маркетинг аспект)
Во практика се срекаваат четири основни категории амбалажа:
a) Примарна амбалажа-со која производот се заштитува уште во процесот на производство и останува во текот на целиот век на трење.
b) Секундарна амбалажа-со која дополнително се заштитува производот,но со неа се влијае на потрошувачот.Пред употреба се отсранува од производот.
c) Display-амбалажа,односно амбалажа за излог во трговијата на мало
d) Транспортна амбалажа,која служи посебно за заштита при обавување на транспорт
*Кои се функциите на амбалажата?
1)ЗАШТИТНА-која е доминантна кај производите за производстве-ната потрошувачка;

2) ДИСТИБУТИВНА-која зависи од продажните канали напроизводот;

3)ФУНКЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧКА-која се одразува преку влијанието на купувачите;

4)ФУНКЦИЈА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА-од аспект на привлекување внимание, овозможување идентификација на производот, создавање на саканата слика на производот и пропагандно влијание.

*Имајќи го впредвид НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД на АМБАЛАЖАТА,
се разликуваат следниве групи:
1) Амбалажа која ликовно е решена само со заштитет знак или со името на производот,кои исто служи како заштитен знак
2) Амбалажа низ која преку транспарентноста или провидноста,може да се види.
3) Амбалажа во која купувачите се запознаваат со производите со помош на етикетата,тоа се главно слични производи (масло за јадење,сокови);
4) Амбалажа со реалистички ликовни решенија на производот.
5) Амбалажа на која производите се прикажани со реалистички цртежи и име,односно напис:
6) Амбалажа на која ликовно е истакнат производот и зголемен така што служи како декоративен елемент.
7) Амбалажа со хумористички приказ со цел да се привлече вниманието;
8) Амбалажа решена на начин кој на купувачите му пружа некоја награда,игра:
9) Стандардна амбалажа-кога производот ликовно е решен со името на производот,сопствениот знак и име.

Од стојалиште на МАРКЕТИНГОТ,амбалажата мора да задоволи некои барања:
- Економичност , и тоа не само во производството,туку и во траспотот и манипулацијата;
- Функционалност, особено во поглед на дистрибуцијата до потрошувачите;
- Комуникативноста, во смисла на промоција на марката инејзиното разликување од конкурентските марки и во смисла на идентифику-вање на некои основни карактеристики на производот,како на пр.соджината,составот,начинот на користење;
- Големината која е детерминирана пред се од големината на производот и количината на производите кои се пакуваат со амбаажата.Соодветно влијание имаат и трговските обичаи,цената на производите,специфичните барања на потрошувачите за ракување;
- Обликот е најчесто определен со обликот на производот,но влијаат и други фактори,како на пример:традицијата во пакувањето,и трошоците на пакувањето,начинот и местото на чување,практичноста во употребата,визуелната привлечност и др.
- Материјалот има големо влијание за амбалажата,зависно од тоа дали се користи хартија,метал,стакло,пластика,дрво,текстил и др.Значајни фактори во изборот на материјал се трошоците, визуелната атрактивност,традицијата,транспорноста;
- Конструкцијата во голема мерка зависи од трошоците,потрбата за заштита на производот, начинот на користење,привлечноста и др.
- Начинот на отварање и затворање е значајна карактеристика на амбалажата која определена со барање во поглед на трајноста, функионалноста во отворањето и затворањето,атрактивноста и цената;
- Површинскиот дизајн е еден од битните карактеристики,при што посебно значење има бојата,обликот на буквите,илустрациите и сл.
Изборот на амбалазата зависи од голем број фактори ,а најзначајни се:
1)осетливоста на производот на оштетување;

2)ризикот кај производот е нормално изложен во комерцијалното пакување при сто прескапо е да се заштити производот од тој ризик;

3)времето во кое производот може да остане во амбалажата а сеуште да биде во задоволителна состојба и

4)пропагандната улога на амбалажата.

При изработка на амбалажата на производи треба да се има во предвид низа општи принципи,а особено:
-кога е изводливо амбалажата треба да овозможи атрактивно прикажуање на самиот производ кој во неа се наоѓа,што се постигнува со користење на такви материјали какви што се стаклото,целофанот и др.,
- со квалитетот на изработка,димензиите и естетскиот изглед да го прикаже производот во сто подобра форма.
-да ги сугерира корисноста и задоволствата што ги пружа производот,
што може да се постигне со сликата или текстот кој се користи.
Постојат денес и некои нови оргинални решенија:
-калеидоскопска амбалажа при која се настојува да се оствари побарувачка за амбалажата исто како за производот.Кај оваа амбалажа постојат такви решенија да може да се користи како украс,слика,налепница и сл.
-амбалажа со двојна функција при која на амбалажата и се дава поголемо значење,како на пример пакување на производот во садови кои можат дасе користат и за друго нешто во домаќинството и сл.
-повеќекратна амбалажа или комбинирана амбалажа при која се групираат повеќе примарни амбалажи во една поголема(пијалоци и сл.)или пак пакувањето се врши врз база на динамиката на купување(за еден ден,неде-ла,месец и сл.)

III
(тестирање на амбалажата од промотивен аспект)

Цитирајќи го Young Dillon (‘Marketing research in marketing enviroment”-стр.679) укажува на значењето што пакувањето го има за еден нов производ.Разликата меѓу една сиромашка амбалажа и една добра амбалажа,во поглед на определени елементи, е следна:

Сиромашна амбалажа Добра амбалажа
*Прегледност на полицата 39% 59%
*Интерес за проба 13% 48%
*Негативни коментари 81% 31%
*Апелирање 28% 82%
*Атрактивност 3% 30%


Наједноставно кажано,за да биде ефективна амбалажата треба да биде едноставна,да укажува на суштината на производот,да се разликува од конкуренцијата,лесно да се направи селекција во самата продажна линија,
да остава импресија за висок квалитет,да го рефлектира имиџот на произ-водот.
Амбалажата може да се тестира(дали е адекватна и ги задоволува бараните потреби во согласност со производот).
Целите заради коишто се врши тоа тестирање се следниве:
-да се оцени прегледноста на алтернативите од амбалажите во однос на една од друга,како и во однос со конкурентската марка;
-да се оцени способноста на алтернативите од амбалажите да ги пренесу-ваат перцепциите од физичките и емоционалните “крајни користи”-end benefits.
-да се оцени веродостојноста на барањето;
-да се оцени ефективноста на амбалажата;
-да се оцени функционалноста на амбалажата.

Тестирањето на амбалажата и мерењето на степенот на нејзината забележливост и имиџ мора да се одвива внимателно.Дизајнот на амбалажата никогаш не треба да се тестира изолирано.Ова значи дека со определени алтернативи на амбалажата покажуваат висок степен на забележливост кога се тестираат изолирано,што не е случај кога се тестираат заедно со конкурентните производи.Постојат тестови на бои,дизајн,форма,пропагантски текст што веќе се направени укажуваат на условите во коишто се поставува производот што се продава(на пр.една боја може да биде пожелна ако производот е пласиран меѓу конкуренски-те производи со друга боја).Растојанието на изложениот производ до очите на потрошувачите исто така многу е значајно при тестирањето.Овој факт треба да се земе предвид при дизајнирањето на големината и формата на амбалажата.
Техники кои се користат за тестирање на алтернативите на амбалажата се :
- слајдови-што овозможуваат поголема контрола над изложеното на полицата,отколку вистински приказ;
- tachistoscope-(T-scope)-му дозволува на истражувачот да го контролира интезитетот на светлото и времетраењето на излагањето
Меѓутоа,алтернативите на амбалажата можат да бидат тестирани во вистинско окружување во продавницата,на пробни пазари или пак на симулирани пробни пазари,што поретко се прави.
При тестирање на дизајнот на амбалажата се користат голем број различни истражувачки техники,вклучувајќи ги следниве:
асоцијација на симболи,асоцијација на бои и за тестирање пропагантски текст.
Имено,најчесто употребувани методи и техники се следниве:
1)Лабараториски текст-се применува во однапред конструирани услови,односно контролирање на реакциите на тестираните субјекти во однос на определенаата амбалажа.
2)Тест на спонтан избор на испитуваните лица им се поднесува на увид,во многу кратко време,определена амбалажа И потоа од нив се бара да кажат што се забележале.
3)Длабинско испитување,всушност,претставува збир на повеќе техники и тестови што се засноваат врз експериментална психологија.Такви се :
-тест на поларност(семантички диференцијал)
-тест на рангирање
-тест на распределување
-тест на рангирање
-тест на недовршени реченици
-длабинско интервју
-тестови на асоцијација
4)Тестови на местото на продажба се изведува само со набљудување.
Всушност се става производот со тестирана амбалажа на определено место во продавницата меѓу конкурентските производи и се набљудува
однесувањето на потрошувачите во однос на неговата амбалажа.
5)Различни техники за истражување на перцепција Во оваа група тестови за испитување на перцепции во врска со соодветната амбалажа,оценувајќи на каква далечина амбалажата најдобро се забележува,под каков агол на поставеност или каква светлина во објектот најмногу придонесува една амбалажа да биде видлива или,со други зборови,се утврдуваат аспектите на амбалажата што се повзани со нејзината промотивна функција.

IV
(поим за пакување)

Во индустриската терминологија нема граница помеѓу поимите пакување и амбалажа, и се користат со еднакво значење.
Заради научна точност,треба да се разграничи ,дека стоката што се испорачува се става во одредена амбалажа,а процесот на ставање се вика пакување. Начинот на пакувањето е тесно поврзан со производството,па во модерната индустрија се смета за завршна фаза од производството.
Пакувањето,зависно од условите се врши рачно,механички или комбинирано.
Во многу индустриски гранки има можности сите операции,почнувајќи од одмерување на производот,полнење и затворање на амбалажата,па се до етикетирањето,да се организираат автоматизирано.
При пакувањето на производи за исхрана и лекови,посебно мора да се води сметка за санитарно-хигиенските услови.Ова пакување подлежи на специјална контрола од стручни лица,познати како санитарна инспекција.
Начинот и видот на пакувањето,од своја страна,придонесуваат за создавање на квалитетот на производот и за формирање на неговата цена.Затоа и оваа дејност е алка од веригата,на патот на стоката од производител до потрошувачот.


PORUČITE RAD NA OVOM LINKU >>> SEMINARSKI
maturski radovi seminarski radovi maturski seminarski maturski rad diplomski seminarski rad diplomski rad lektire maturalna radnja maturalni radovi skripte maturski radovi diplomski radovi izrada radova vesti studenti magistarski maturanti tutorijali referati lektire download citaonica master masteri master rad master radovi radovi seminarske seminarski seminarski rad seminarski radovi kvalitet kvalitetni fakultet fakulteti skola skole skolovanje titula univerzitet magistarski radovi

LAJKUJTE, POZOVITE 5 PRIJATELJA I OSTVARITE POPUST
02:21 PM
Poseti veb stranicu korisnika Pronađi sve korisnikove poruke Citiraj ovu poruku u odgovoru
Nova tema  Odgovori 


Verovatno povezane teme...
Tema: Autor Odgovora: Pregleda: zadnja poruka
  Амбалажа и пакување Autor1 0 4,605 18-04-2010 12:57 AM
zadnja poruka: Autor1

Skoči na forum: