Амбалажа и пакување

Nova tema  Odgovori 
Podelite temu sa drugarima: ZARADITE PRODAJOM SVOJIH RADOVA
 
Ocena teme:
  • 0 Glasova - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
 
Autor Poruka
Autor1 Nije na vezi
Posting Freak
*****

Poruka: 2,299
Pridružen: Aug 2009
Poruka: #1
Амбалажа и пакување
СОДРЖИНА:



1ДЕЛ- поим,развој,значење,видови и поделба_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 1

2ДЕЛ-амбалажата од маркетинг аспект_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _4

3ДЕЛ-тестирање на амбалажата од промотивен аспект_ _ _ _ _ _ _ 6

4ДЕЛ-поим за пакување_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8





ПАКУВАЊЕ И АМБАЛАЖА


(поим,развој,значење,видови и поделба)

Под дејство на надворешни влијанија,својствата на стоките се менувваат.За да се зачува квалитетот на производите,тие се амбалажираат. Користењето на пакувањето започнало во XIX век со индустриската револуција.Денес се смета дека преодот од занаетчитско на индустриско производство на храна,е овозможено со решавање на проблемот на амбалажата.
Зборот АМБАЛАЖА има француско потекло(emballage) и значи “опремата на стоката”,”прибор за пакување”,”замотување”.
Амбалажата е средство за културно презентирање на стоката на пазарот.Се приспособува на начинот на диструбуција продажбата,односно на средствата со кои ти се вршат. Благодарение на амбалажата е овозможено доопремување, транспорт, манупалација, складирање, прикажување и продавање на произвo-дот, без тој да изгуби на својот квалитет.
Производот на релација од производител-потрошувач мора да помине низ неколку фази.Притоа,улогата на амбалажата е стоката во неа да се смести,заштити и продаде.
Способноста за сместување зависи од материјалот од кој е изработена амбалажата.Поврзувајќи ја содржината на производот во определен облик го спречува растурот,некогаш амбалажата ја имала исклучиво само оваа функција,на пр.садовите за течност,буриња,вреќи и др.
Сместувањето на стоката во амбалажата со одреден облик има повеќекратно значење.Правилно одбраната форма на амбалажата ќе овозможи рационално искористување на складишниот ,транспортниот и продажниот простор.Обликот треба да дава можност за едноставно манипулирање со користење палети и помали контејнери,а при транспорт употреба на виљушкари и пренос.Сместувањето со погоден облик и конструкција го оневозможува поткрадувањето на спакуваната стока.
Амбалажата го разрешува основниот проблем на прометот ,а тоа е заштитата на квалитетот се додека да стигне до купувачот.За да се заштити со амбалажата стоката од расипувзње,потребно е да се познаваат факторите кои што го предизвикуваат расипувањето.Кај пооделни стоки амбалажата штити од температура,притисок,влага,кај други од инсекти,микроорганизми или пак од од удар,пад и др. Добро изработена амбалажа овозможува заштита од секакво физичко и механичко влијание
како и од атмосферско дејство,како на пример: сонце, светлина, ветер, дожд, студ, мраз, град и др.Во современи услови,од амбалажата се бара да ја заштити човековата околина од дејството на спакуваната стока.Таков случај е кога стоката е отровна,заразена, запалива,експлозивна,радиоактивна и слично.
За да се исполнат овие задачи на амбалажата се посветува поголемо внимание на изборот на материјалот за нејзина изработка.
Погледнато во минатото,а и денес,се користат оние материјали кои на одреден степен од развојот на науката и технологијата,овозможуваат најдобра амбалажа.
Прв материјал,искористен како амблажен било дрвото.Добрата механичка цврстина,малата специфична тежина, еластичноста, добрите топлотно-изолационски својства, нискиот коефициент на топлотна проводливост, отпорноста на хемикалии од органска природа и др. го препорачуваат и денес за употреба.
Меѓутоа дрвото има големи можности и за користење во други стопански гранки и затоа не се користи,односно да се замени со друг амбалажен материјал онаму каде што може.Рационализацијата во користење на дрвото опфаќа изработка на повратна амбалажа,преработка на непотребната или искористената амбалажа,изработка на амбалажа од комбиниран материјал(дрво-картон,дрво-пластика и сл.).Од дрво се изработуваат сандаци,гајби и сл.
Текстилот е првобитно употребен за амбалажа на семенски материјал во селските домаќинства.Подоцна се користат различни текстилни влакна од природно,растително,животинско и минерално потекло,како и синтетичко кое денес станува се позначајно. Оваа амбалажа ја препорачува можноста за изработка на ткаенини,кои употребени како амбалажа ќе овозможуваат проветрување.Приспособливоста на формата овозможува искористување на просторот што исто така е позитивно,а складирањето бара скромен простор.
За изработка на текстилна амбалажа се уште најценета е јутата,но се користи и конопот,памукот,ленот,рафијата и др. кои современоста ги заменува со полиамиди,полиестерски,полиакрилонитрилни и со др. синтетички материјали.
Хартиената амбалажа е израз на современета трговија.Од хартијата се изработуваат разни видови на амбалажа.Основна е поделбата на хартија за транспортна амбалажа и комерцијална амбалажа,каде спаѓаат карто-нот,лепенките,натрон-хартија и комерцијална амбалажа,т.е хартија за меко пакување,налепници,непропустлива хартија итн.
Хартијата е најпогодна комерцијална амбалажа,која овозможува високо хигиенско ниво во трговијата.Но таа не се одликува со механичка цврсти-на и отпорност.Некои од негативните особини на хартијата се отстранети со изработката на картонот.Остра граница меѓу картонот и хартијата
не постои ,но вообичаено е да се смета дека хартијата со маса 150 gr./m² е картон.Се произведува и повеќесловен картон(двослојен,трослоен итн.)Во употреба е и ребрестата лепенка,се добива со слепување на рамна хартија со брановидна.И таа може да биде една или повеќеслојна.Освен ова се употребува “непропустлива хартија”,хартија која се слепува со алуминиумска или пластична фолија и сл.Од хартијата и од картонот се изработуваат кесиња и кутии со различна големина и облик.
Металната амбалажа опфаќа употреба на бела и алуминиумска ламарина.
Белата ламарина е челична и од двете страни калаисана со различна дебелина на калајниот слој.Калаисувањето може да се изведе со топло калаисување и електролитски, што повеќе се користи за заштеда.
Со иста намена се користи и челичната ламарина,преслечена со алуминиум,алуминска ламарина,фолија и лента.Во последно време се користат и хемиски пасивизирани ламарини кои по површината имаат фосфатно хромен слој.
Изработената амбалажа е непропустлива за светлина,гасови,пареа и микроорганизми,отпорна е спрема температурата,механички отпорна и едноставна за обликување.
Негативната страна е што како стока бара голем и скап складишен простор,што е нестислива,а условите на температурата и влажноста постојано да се контролираат за да не дојде до корозија.
Како метална амбалажа се изработуваат: разни кутии,туби,канти,бури-ња,цистерни и сл.
Стаклото како материјал за амбалажа е посебно значајно.Хемиската постојаност,тврдината,термичките и оптичките својства го прават стакло-то,како амбалажен материјал како незаменлив.
Негативната страна е нестисливоста,нееластичноста,зафаќање на голем складишен простор и сл. Од стаклото се изработуваат шишиња, чаши, тегли, балони, цилиндри и др.
Пластичните материјали се “последниот збор” на индустријата за изработка на амбалажа.Тие се материјали кои се цврсти на обична,а се топат на зголемена температура,кои под притисок се потиснуваат во специјални калапи.При оладување го задржуваат обликот.Хемиски тие се органски синтетски макромолекуларни соединенија. Освен основната суровина тие можат да содржат : врзива смола, омекнувачи, стабилизатори, полнители и бои.
Со правилен избор на суровината(од хемиски состав),за секој производ може да се избере синтетички материјал за амбалажа.Статистички податоци покажуваат дека ¼ од светското производство на пластични маси се користи за изработка на амбалажа. Најупотребувани се полипропиленот, полиетиленот, поливинилхлоридот, полистеренот и др.
Разновидноста на синтетичките материјали озвоможуваат да се изработи амбалажа која ќе биде проѕирна или непроѕирна,полупропустли-ва.Негативната страна е што ја загадува”природата”,т.е нејзината невклопливост во природниот циклус на материјата во природата.
Од пластиката се изработуваат ќесиња и вреќи,кутии,садови од различен облик,буриња,цистерни,гајби,држачи итн.
Комерцијанната функција е двојна.Од една страна го зачувува квалитетот ,т.е вредноста на стоката,а од, друга страна ја зголемува цената на чинење на производите.Пакувањето ги зголемува трошоците за работна сила,материјал за изработка,инвестиции за опрема итн.Нејзината цена зависи од материјалот и од начинот на изработка.Кај одделни стоки таа се движи и до 50 % од цената на чинење,а кај посебно луксузните продукти ,на пр.парфемите,може да достигне и до 70%.
Со цел да не се оптоварува цената на чинење на производите со цената на амбалажа,некои стоки,најчесто суровините,денес се продаваат неамбалажирани.т.е во рифузна состојба.Таков е случајот со рудите,некои материјали од градежништвото,дрвата за огрев,житото и сл.
Но,непосредно за поголем број производи,цената на амбалажата е занемарлива во однос на она што на стоката и го обезбедува.
Третирајќи ја амбалажата како можност за комуникација со потрошува-чот,производителите се обидуваат преку неа да влијаат врз одлуката на купувачот,за кој производ да се одлучи.Тука до израз доаѓа(површинскиот) дизајн.Многу често амбалажата е изработена од сјајни и транспарен-тни фолии во различни бои и нијанси.Украсена е со цртежи кои се допадливи и популарни.(од цртани филмови,животинско царство,музички и филмски ѕвезди), или пак вршат реклама на составот,вкусот или друга карактеристика на производот.
Современиот свет ја третира амбалажата како и секоја друга стока.Таа подложи на стандардизација,а со тоа и контрола на квалитетот.Притоа се испитува цврстина на кинење, механчка отпорност, порозноста, пропустливос-та на течности,гасови и пареа,апсорпција на мириси,стабилност на хемикалии и корозија итн.
Важноста на амбалажата во прометот е се поголема.Во светот за оваа проблематика се занимаваат стручни лица и цели институции.Постојат разни поделби и класификации,според различни критериуми.
1. Според намената може да биде:
*КОМЕРЦИЈАЛНА(се користи за продажба по самослужувањата и др.продавници);
*ТРАНСПОРТНА(за внатрешно и надворешно пакување на стоки,за домашен и странски пазар,за континентен и прекуморски превоз).
2. Според материјалот од кој е изработена:
- метална
- стаклена
- хартиена
- пластична
- и текстилна;
3. Од економски аспект се разликува:
1. Повратна-обично скапа амбалажа која се користи неколку пати;
2. Неповратна-еднократна употреба.


PORUČITE RAD NA OVOM LINKU >>> SEMINARSKI
maturski radovi seminarski radovi maturski seminarski maturski rad diplomski seminarski rad diplomski rad lektire maturalna radnja maturalni radovi skripte maturski radovi diplomski radovi izrada radova vesti studenti magistarski maturanti tutorijali referati lektire download citaonica master masteri master rad master radovi radovi seminarske seminarski seminarski rad seminarski radovi kvalitet kvalitetni fakultet fakulteti skola skole skolovanje titula univerzitet magistarski radovi

LAJKUJTE, POZOVITE 5 PRIJATELJA I OSTVARITE POPUST
12:57 AM
Poseti veb stranicu korisnika Pronađi sve korisnikove poruke Citiraj ovu poruku u odgovoru
Nova tema  Odgovori 


Verovatno povezane teme...
Tema: Autor Odgovora: Pregleda: zadnja poruka
  Амбалажа и пакување VS1 0 7,641 27-03-2010 02:21 PM
zadnja poruka: VS1

Skoči na forum: